Последен трејлер за анимираниот филм „UglyDolls“
Трејлерот за „UglyDolls“ ни порачува дека „не е секој совршен“. Малите кукли во овој филм можеби не се совршени, но затоа се подготвени да ви донесат многу смеа и радост, посебно ако сте љубител на анимирани филмови.
Сјајната музичко-актерска екипа најави дека гледачите ќе бидат пријатно изненадени од „UglyDolls“ и дека песните од филмот ќе им останат во паметење уште долго откако ќе ги напуштат киносалите. Гласовите за главните улоги ги позајмуваат Ник Џонас, Ема Робертс, Жанел Моне, Кели Кларксон, Питбул и Габриел Иглесијас.
Премиерата на филмот е закажана за 10 мај 2019 година.