Последната борба од „Star Wars: The Last Jedi“ во 16-bit
Ако сте љубител на „Star Wars“ франшизата, или на Super Nintendo графиката, или пак на било каква ретро поп-култура, сигурно ќе ви се допадне ова видео во кое е рекреирана последната борбена сцена од новиот „Star Wars: The Last Jedi“.
Артистот Џон Стратман ја рекреираше последната и најбитна борба од „The Last Jedi“, но во 16-битно издание. Ова е најдоброто видео кое го гледавме годинава (досега).
Се разбира, видеото содржи спојлери од филмот, така што гледајте го на свој ризик.