Повик за учество на млади поети на Отскочна даска #2 во рамките на 3. Скопски поетски фестивал

Скопскиот поетски фестивал, чиешто трето издание ќе се одржи во периодот од 24 до 28 септември, и годинава го организира преднастанот „Отскочна даска“ ‒ поетско читање за млади поети и поетеси од домашната книжевна сцена.

„Продолжуваме со поддршката за младите поети, за почетниците, за оние што можеби и не објавиле ништо досега, давајќи им шанса да бидат прочитани, видени и слушнати. Како и минатата година, така и оваа, врз основа на испратените песни ние ќе ги избереме учесниците што ќе настапат на поетското читање 'Отскочна даска #2', а тие меѓу себе ќе го одберат најдобриот, односно, ќе изгласаат кој млад поет или поетеса ќе отскокне до официјалното отворање на третото издание на СПФ и ќе чита заедно со другите повозрасни и етаблирани поети“, соопштија од фестивалот.

Заинтересираните учесници треба да се на возраст од 16 до 25 години и да испратат куса биографија и две свои песни во Word на мејлот contact@spf.mk најдоцна до 10 септември.

Имињата на одбраните поети ќе бидат објавени на 17 септември на Facebook и на Instagram страниците на фестивалот, а настанот ќе се одржи во кафе-книжарницата „Буква“ на 24 септември, со почеток од 20 часот. Одбраниот млад поет/поетеса ќе чита и на официјалното отворање на СПФ во МКЦ на 27 септември.

Фестивалот е финансиски поддржан од Министерството за култура и од ТРАДУКИ, а негови помагатели се Младинскиот културен центар – Скопје, градската библиотека „Браќа Миладиновци“ ‒ Скопје и кафе-книжарница „Буква“.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Култура

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more
 

Вести

Возач удри во електричен тротинет, тешко повреден малолетник

Читај повеќе

Посебен режим на сообраќај во Скопје в сабота

Читај повеќе
  • play_arrow

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Читај повеќе

Македонија најдобро рангирана меѓу државите од регионот според Индексот за слобода на медиумите

Читај повеќе

Ни европската десница не ја сака eкстремистичката AfD

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тест на американскиот футуристички подводен дрон

Читај повеќе

Борис Џонсон прекрши правило за гласање што тој го воведе

Читај повеќе

МТВ го демантира Пендаровски за дуелот со Силјановска Давкова

Читај повеќе

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Читај повеќе