ФИБА ЕВРОБАСКЕТ ЧЕШКА/ГРУЗИЈА/ИТАЛИЈА/ГЕРМАНИЈА 2022

Познати сите четвртфинални парови на ЕвроБаскетот

Кошаркарите на Грција синоќа последни се пласираа во четвртфиналето откако во Берлин во осминафиналето ја победија Чешка со 94:88. Претходно Италија го шокираше кошаркарскиот свет исфрлајќи ја фаворизираната Србија.

Најдобар кај Грците, нормално, беше Јанис Адетокунбо со 27 поени, 10 скока и 5 асистенции, додека Ник Калатес постигна 14 поени и имаше 5 скока и 6 асистенции. Јан Весели беше најефикасен кај Чешка со 21 поен, а Војтјех Хрубан имаше 17.

Remote video URL

Италија со неверојатна прецизност во ударите за 3 поени ја среди Србија, исфрлајќи го еден од трите големи фаворити за титулата. Србија имаше +8 по првата четвртина, а потоа „Аѕурите“ полека ја топеа негативата за последната четвртина да ја добијат со +10 за конечни 86:94. Пирови беа 32-та поена на Никола Јокиќ, кој имаше и дабл-дабл учинок откако запиша и 13 скока.

Италијанците беа талични од зад линијата за 3 поени откако погодија дури 16 тројки од кои 6 беа дело на Марко Спису кој со 22 поена беше и најефикасен во победничкиот табор. По 3 тројки погодија Николо Мели (21 поен), Симоне Фонтекио (19) и Акиле Полонара (16), а една погоди Луиџи Датоме. Единствен кому не му одеа тројките кај Италија беше Алесандро Пајола кој од 3 обида не погоди ниту еднаш.

Remote video URL

Србите реализираа 10 тројки од вкупно 29 обиди, лош учинок кој најмногу го набилда Василије Мициќ кој од 8 обиди успеа да промаши дури 7, а лош просек имаше и Марко Гудуриќ кој од 4 обиди не погоди ниту еднаш.

Remote video URL

Претходно синоќа Финска ја ифрли Хрватска со 94:86 во натпревар кој го одбележаа 43-те поени на крилото на Јута Џез, Лаури Марканен, додека Полска со буквално истиот резултат ја елиминираше Украина.

Со оглед на тоа што во саботата се одиграа првите четири осминафинални натпревари, со синоќешните двојки се комплетираа сите парови за во четвртфиналето, натпревари кои ќе се играат во вторник и среда.

Четвртфинале:

Вторник, 17:15
Шпанија - Финска

Вторник, 20:30
Германија - Грција

Среда, 17:15
Франција - Италија

Среда, 20:30
Словенија - Полска

URL

Во полуфиналето меѓу себе ќе играат победниците од вторник во едното, а оние од среда во другото. Финалето е закажано за в недела од 20:30 часот во „Мерседес-Бенц“ арената во Берлин, каде всушност се играат сите натпревари од нокаут-фазата.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Кошарка

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Read more

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Read more

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе