ФУДБАЛСКИ КУП НА МАКЕДОНИЈА 2019/20

Познати уште десет осминафиналисти во Купот

Немаше изненадувања во натпреварите од првото колот на Купот на Македонија откако ниту еден тим од пониска лига не успеа да елиминира посилен противник, а најблиску до такво нешто беше Кожуф кој на пенали загуби од Ренова.

Најнеизвесно беше во Гевгелија каде домашниот второлигаш Кожуф имаше 3:2 до 87-мата минута кога Ренова се спаси со гол од белата точка. По изведувањето на пеналите прволигашот избегна елиминација.

Пенали се изведуваа и крај Охридското Езеро каде домашниот Охрид ја исфрли Беласица откако претходно цело второ полувреме оддолеваше на нападите со играч помалку.

Прволигашите Силекс, Шкупи, Струга, Работнички, Борец и Шкендија немаа проблеми и забележаа убедливи победи. Второлигашот Лабуништа исто така беше убедлив, а дуелот на амбициозниот Осогово и Победа заврши со минимална победа на кочанчани.

Во осминафиналето се и Брегалница, Тиквеш и Пелистер кои изминативе денови ги играа своите натпревари. Останува уште последниот натпревар помеѓу Саса и Вардар закажан за наредната среда.

Фортуна - Силекс 0:4 (0:2)
7′, 21′ Филип Дурански, 22′ Ангелче Тимовски, 56′ Милош Жеравица

Охрид - Беласица 1:1 (1:1); 5:4 пен.
6′ Ромео Кочоски – 36′ Мартин Мирчевски
Црвен: 45′ Симон Маркоски (O)

Кожуф - Ренова 3:3 (1:1); 5:6 пен.
13′ Ники Зумровски, 65′ Томица Петров, 79′ Александар Трајчевски – 48′ Бојан Миовски, 63′ Башким Велија, 87′ (п Ненад Мишковски

Кравари - Лабуништа 1:4 (0:2)
66′ Мики Талевски – 37′, 45’+2 Михајло Јакимоски, 55′ Сашо Ќорески, 79′ (аг) Ардијан Зуберовски

Тетекс - Шкупи 1:5 (0:1)
82′ Бојан Михајловски – 14′, 77′ Марин Јурина, 53′, 66′, 85′ Сержињу

Локомотива - Струга 1:5 (0:2)
79′ (п) Владимир Мојсовски – 3′ Клисман Цаке, 21′, 56′ Флорент Османи, 52′ Абдулхади Јахја, 88′ Емран Рамадани

Влазрими 77 – Работнички 0:4 (0:1)
38′ Драган Стојков, 53′ Бошко Паповиќ, 56′ Лавдрим Фазлију, 84′ Давид Тошевски

Превалец - Борец 0:4 (0:2)
3′ Стефан Богдановски, 18′ Владимир Жоглев, 53′ (п), 75′ (п) Симеон Христов

Осогово - Победа 1:0 (1:0)
11′ Миле костовски

Гостивар - Шкендија 1:4 (0:1)
86′ Марио Станковски – 39′ Хуан Фелипе, 57′ Омар Имери, 84′ Бесарт Ибраими, 87′ Берат Беќири

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Read more

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Read more
 

Спорт

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе