Познато од кои делови на Скопје се денешните новозаразени

МИА
/ 27.05.2020 / 20:54

Од денешните 14 новозаболени во Скопје, 6 се во Бутел, 2 во Чаир, 1 во Карпош, Кисела Вода, Студеничани, Сопиште, Ѓорче Петров и Арачиново, истакна директорот на Институтот за јавно здравје – Скопје Арбен Зибери на „Топ тема“ на телевизија Телма.

Вели дека има заболени во речиси сите скопски општини, но добрата вест, според него, е тоа што сите се поврзани со некој веќе претходно потврден случај.

– На пример, ако се сеќавате имаше дури 20 од едно исто семејство во Сингелиќ, вчера имавме 9 од исто семејство во Чаир. Имаме од сите општини, но добрата вест е, јас би рекол, тоа што сите се веќе поврзани или со некој претходно дијагностициран којшто е позитивен. Значи, сите се нивни контакти, рече Зибери.

Посочи дека во територијата на Град Скопје од 1.100 досега тестирани во градинките, позитивна е само една вработена. Додаде освен во државните градинки се вршат тестирања и во приватните градинки.

– Од прилика во Скопје има некаде околу 2.000 вработени во градинките според списоците што ги добивме од МТСП. Досега ние сме на 1.100 тестирани, значи не очекуваат уште малку. Мислам дека до крајот на оваа недела, бидејќи работиме и во саботи и во недели, ќе ги завршиме градинките и во зависност од тоа што ќе предложи Комисијата за заразни болести, ние ќе продолжиме со скринингот на други целни групи во Градот Скопје, рече Зибери.

Тој информира дека од утре ИЈЗ во соработка со Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести ќе почне со тестирање на нивните брисеви што ги собираат на терен. Посочи дека тие имаат капацитет да направат до 50 тестови на ден.

реклама

Времеплов: Каде е, што прави најубавата собирачка на топчиња?

Read more

Следи нов Чернобил ако Азербејџан ги оствари заканите против Ерменија

Read more

Три хороскопски знаци во кои се раѓаат најголемите женкари

Read more

Филипче се сретна со сестрите од Инфективна, кои поднесоа барање за отказ

Read more

Ново

Искандер - смртоносниот ѕвер: Со ова убиствено оружје Ерменија му прети на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Најдобриот рецепт за печени ракчиња на скара

Читај повеќе

На ГАК новороденче родено позитивно на COVID-19, се испитува дали е прв случај за вертикална трансмисија

Читај повеќе

Одлуката за прекин на флексибилното работно време вратена на повторно разгледување во Владата

Читај повеќе
  • filter

Поглед во новиот кабриолет на BMW

Читај повеќе

Пандев негативен и на вториот тест

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 20 филмови што ги надминаа очекувањата

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ на протест в сабота „против неправда, реваншизам и политичко насилство“

Читај повеќе
  • play_arrow

Извлечени 5.000 парчиња муниција од потонат брод од Втора светска војна

Читај повеќе