Пред Галилео и Њутн: Скица од Да Винчи доказ дека знаел како работи гравитацијата

Проучувајќи ги неговите белешки научници наишле на интересен дијаграм за кој веруваат дека преку него Леонардо да Винчи се обидувал да ја објасни гравитацијата.

Во статија објавена во магазинот Leonardo, истражувачите проучувале еден од томовите на Да Винчи и утврдиле дека славниот енциклопедист смислил низа експерименти за да ја демонстрира гравитацијата како облик на забрзување, како и дека го обликувал моделот на гравитациска константа до 97% прецизност.

Да Винчи, кој живеел од 1452 до 1519 година, важи за еден од најпамтените луѓе во историјата кој во многу работи бил пред своето време, па така и по ова прашање.

Галилео Галилеј речиси 100 години по смртта на Леонардо, во 1604 година, теоретизирал дека растојанието поминато од објект што паѓа е пропорционално на квадратот на изминатото време. Речиси два века подоцна Исак Њутк ги објаснил и дефинирал законите на универзалната гравитација.

Главната пречка за Да Винчи на ова поле му биле ограничените алатки што ги имал на располагање. На пример, не можел точно да го измери времето додека предметите паѓале.

Неговите експерименти прв пат ги приметил професорот по аеронаутика и медицинско инженерство, Мори Гариб, од Калтек и тоа во „Кодекс Арундел“ - колекција од списи во кои Да Винчи се бавел со научни теми, уметност и лични теми.

Гариб во 2007 година ги проучувал техниките за визуелизација на движењата на италијанскиот научник додека ги подучувал студентите. Потоа забележал неколку скици на триаголници направени од песок што истекува од тегли.

„Она што ми привлече внимание беше фразата „Equatione di Moti“ на хипотенузата на еден од триаголниците“, вели Гариб.

Со помош на колегите Крис Рот од Калтек и Флавио Нока од Универзитетот за применети науки и уметности во Женева, успеал да сфати дека Да Винчи се обидувал да ја објасни гравитацијата.

URL

Во белешките, италијанскиот научник опишува екпсеримент со бокал кој се движи по рамна линија и зад себе испушта или вода или грануларен материјал (веројатно песок).

Неговите белешки јасно ставаат дознаење дека бил свесен дека водата или песокот не паѓаат со иста брзина, туку забрзуваат, како и дека материјалот што паѓа после некое време полека престанува да паѓа во хоризонтален правец, туку забрзувањето е само надолу преку силата на гравитацијата.

URL

Ако бокалот се движи со постојана брзина, линијата создадена од материјалот што паѓа е вертикална, така што не се формира триаголник. Ако бокалот постојано се движи, линијата на материјалот што паѓа е малку закривена и формира триаголник.

Меѓутоа, како што Да Винчи покажал на клучниот дијаграм, ако бокалот се движи со иста брзина како што гравитацијата го забрзува материјалот што паѓа, тие создаваат совршен рамностран триаголник - нешто што Гариб прв го забележал кога го видел натписот на Да Винчи „Equatione di Moti“, или „израмнување на движењето“.

реклама

Tри рани симптоми на рак на грлото кои не смеете да ги игнорирате

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more
Лоренцо победи во Валенсија

Лоренцо победи во Валенсија

Read more
Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Тајмлапс видео: Магична поларна светлина видена од вселената

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе