Пред колапс: Болниците во најголемиот град во Бразил не можат да го издржат бројот на заболени од COVID-19

А.С.
/ 18.05.2020 / 15:53

Градоначалникот на најголемиот град во Бразил изјави дека здравствениот систем е пред колапс бидејќи болниците не може да го издржат бројот на заболени од COVID-19 и недостигаат кревети.

Бруно Ковас изјави дека капацитетите на државните болници во Саун Пауло се исполнети 90% и дека за две недели веќе нема да имаат кревети за заболените од новиот коронавирус. Тој ги обвини луѓето кои не ги почитуваа мерките за заштита и карантин дека си играле „руски рулет“ со човечките животи. Истоимениот регион Саун Пауло е еден од најтешко погодените региони, со речиси 3.000 смртни случаи досега.

Претседателот на Бразил, екстремно-десничарски ориентираниот Жаир Болсонаро, е остро критикуван и дома и во странство за начинот на кој се справува со кризата со коронавирусот која е во ескалација. Тој им пркосеше на глобалните совети и препораки за социјално дистанцирање и вчера повторно позираше и се фотографираше со симпатизери во главниот град Бразилија.

Во саботата, Бразил ги надмина Шпанија и Италија и стана четврта земја во светот по број на заразени. Министерството за здравство на оваа јужноамериканска земја пријави 7.938 нови случаи во изминатите 24 часа и со тоа вкупниот број се искачи на над 241.000. Само САД, Русија и Обединетото Кралство имаат поголем број на заразени со COVID-19.

Бројот на смртни случаи во Бразил во изминатото деноноќие беше 485, а вкупниот број на починати од оваа болест се искачи на 16.118, што е шеста највисока бројка во светот.

Здравствените експерти предупредија дека можно е реалната бројка на заразени во земјата да е многу повисока, бидејќи не се прават доволно тестирања.

реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more
 

Ново

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе