Предлог за читање: „1984“ од Џорџ Орвел

Марта Стефановска
/ 27.10.2020 / 15:11

Романот на Џорџ Орвел „1984“ е дело коешто сериозно ќе ве подзамисли. Можеби приказната ќе ви биде малку застрашувачка, особено делот каде што луѓето живеат под константна контрола, со ТВ-екрани и микрофони насекаде околу нив. Ликовите во романот немаат никаква слобода зошто секој дел од нивните животи е контролиран од страна на т.н. министерства.

Згора на тоа, кога ќе се сетиме на тоа во кое време е напишан романот, ќе забележиме дека Орвел е еден вид визионер, затоа што неговите ставови во врска со иднината се прилично контроверзни за тоа време, па ќе се запрашаме дали тој всушност, на некој начин, ја предвидел нашата реалност?

Овој роман проектира негативна утопија или дистопија на идното тоталитарно општество кое користи терор, надзор и репресија за да ја има моќта над секоја индивидуа. „1984“ ја користи формата на дистопичниот роман за да претстави кошмарна визија за иднината, за општество кое е програмирано- трудот, културата, мислата, јазикот, сексуалниот живот, провлекувајќи ја постојано фразата: „Големиот брат ве набљудува“. Телевизијата не само што шири пропаганда туку и служи како инструмент за набљудување. Иако, телевизијата во тоа време немала такво влијание, Орвел предвидел дека телевизијата ќе биде најголем извор на социјалната манипулација во денешно време.

„1984“ е приказ на дистописко општество во најекстремен облик. Во таков свет нема место за поети, уметници или индивидуалци. Орвел го прикажува општеството со тоталитарна репресија, со тежнеење на Партијата да биде комплетен господар на човекот - физички и психички. Намерата на Големиот брат не е само луѓето да бидат само послушни без приговор, туку да мислат дека тоа е добро за нив.

Главниот лик Винстон Смит на почетокот е единствениот лик којшто е „буден“. Тој во неговиот дневник ги искажува неговите мисли, тој се бунтува против системот во кој живее, го искажува неговиот бес на хартија. Смит и сите останати граѓани се предмет на електронски систем на набљудување. Системот ги искажува сите команди и во секој дом има поставено монитори кои го бележат однесувањето на поединецот во неговиот дом.

Орвел на суптилен начин алудира дека примарната функција на медиумите е да вршат терор врз своите граѓани, а тој се залагал за еманципаторскиот потенцијал на човечката природа, сексуалноста и индивидуалимот.

Во суштина, ТВ-екраните се насекаде, не можат да се исклучат и имаат само еден канал. Освен тоа, во точно определено време, секој ден, вработените се задолжени да присуствуваат на 2-минутната омраза, кога речиси со хипноза се влијае на човековата свест со прикажувањето на народниот непријател на екранот:

„Наредниот момент од големиот телекран во дното од салата грмна одвратен, чкриплив звук, како од некоја огромна неподмачкана машина. Од тој звук трпнеа дланките и се кострешеа косите на тилот. Омразата беше почната. (...) Женичката со сива коса се огласи со врисок од страв измешан со гадење. (...) Програмата на Две минути омраза се менуваше од ден на ден, но немаше ниту еден ден во кој главна личност не беше Голдштајн. Тој беше првиот предавник, првиот кој ја извалка чистотата на Партијата“.

Еден од постулатите на Океанија гласи „да бидеш идеолошки исправен значи да бидеш несвесен“, а ако некому не се гледа таа несвесност, се смета за предавник.

Главниот лик ќе најде само една личност која е иста како него, Џулија и со неа ќе започне врска. Се кријат во природа и водат љубов далеку од очите на мониторите. Орвел ја вметнува љубовна приказна помеѓу Смит и Џулија, искористувајќи ја природата, сексуалноста, меморијата и сеќавањето на минатото наспроти тоталитарната сегашност. Човечката љубов е спротивна на тоталитарната омраза и недопрената природа е спротивна на угнетувачкиот урбано-индустриски општествен напредок. А со потполна контрола над мислите и телото, осигуруваат тотална (пре)власт. Како ќе заврши нивната приказна ќе откриете сами.

Познатиот Зигмунд Бауман во интервју за еден магазин, вели дека во „1984“, секој вид на индивидуа е поттиснат во секоја смисла; слободата е полна со замки, а тоа сознание го стекнуваме дури кога учиме да живееме.

Прашањето дали романот е фикција или реалност често се поставува во последно време, па ви препорачувам да го прочитате делото и самите да процените дали ова е вистина или не.

реклама

Прилог за изградбата на Треска од 1978 година

Read more

Девојче почина поради предизвик на TikTok, започната истрага во Италија

Read more

Еден човек го има добитното лото ливче од 1 милијарда долари во САД

Read more

Она кога Град Скопје ќе се обидат да бидат кул

Read more

Книги

Најмладиот член на кавадаречката библиотека има четири години, а најстариот 89

Read more

Румена Бужаровска гостинка во „Кафе со преведувачот“

Read more

Најчитани книги и автори во Македонија за 2020

Read more

Топ 10 книги кои инспирирале вистински криминал

Read more
 

Магазин

  • filter

Пештера Убавица: Заспаната убавица во средиштето на планината Буковиќ се разбуди

Читај повеќе

Еден човек го има добитното лото ливче од 1 милијарда долари во САД

Читај повеќе

Она кога Град Скопје ќе се обидат да бидат кул

Читај повеќе
  • play_arrow

Фејл компилација на неделата

Читај повеќе

Почина легендарниот водител Лари Кинг

Читај повеќе

Вкусен колач од само 4 состојки

Читај повеќе

Совети за поголема делотворност на зелениот сок

Читај повеќе

Пет секс предизвици што треба да ги пробате во 2021

Читај повеќе

Бил Гејтс прими вакцина против коронавирус

Читај повеќе