Предвидувањата на Бил Гејтс за животот по коронавирусот

Бил Гејтс, третиот најбогат човек во светот, е дефинитивно еден од оние луѓе кои ја одбележаа 2020 година и пандемијата што го промени светот каков што го знаеме.

Гејтс, заедно со неговата фондација вредна 50 милијарди долари, се доживува како екипа спремна за преземање на централната улога во борбата против пандемијата.

Од луди теории на заговор дека Гејтс сака да нè „чипира“, преку урбани митови дека токму тој ја предвидел пандемијата, па до филантропијата и фактите дека Бил и Мелинда Гејтс донираа стотици милиони во развој и дистрибуција на вакцини, името на Бил Гејтс дефинитивно привлече многу внимание.

Можеби за тоа е виновна склоноста на Гејтс да зборува за големи работи, особено да предвидува за нив. Никој не сака повторно да ја доживее 2020 година и сите се надеваат дека новата година ќе биде подобра.

Што зборуваше Гејтс за 2021 година и кои предвидувања ги наведе за следниот период? Во разговор со Рашида Џоунс, Гејт ја презентираше неговата визија за животот по коронавирусот.

1. Состаноците на далечина ќе бидат нормални

Пред пандемијата веројатно многу ретко луѓето имаа виртуелни средби, но по короната, сосема поинаку се гледа на ова, особено кога станува збор за средба на Zoom.

„Исто како што Втората светска војна ги воведе жените како работна сила, така остана и оваа идеја за физичко присуство  или не“, вели Гејтс, објаснувајќи дека ова ќе важи за деловните состаноци и за други видови лична интеракција.

2. Подобрување на софтверот

Не само што идејата за онлајн средба или состанок ќе изгледа поприродно, туку Гејтс предвидува дека алатите за тоа значително ќе се подобрат.

3. Делење на канцелариите по систем на ротација

Гејтс верува дека луѓето помалку ќе одат во канцеларија, а можеби и ќе ги делат просториите со компанија чии вработени доаѓаат во различни денови.

4. Помалку ќе се дружиме на работа, а повеќе во личното опкружување

Последниот ефект во промените според кои работиме ќе го променат и начинот на дружење. Можеби ќе трошиме помалку социјална енергија на работа, а повеќе со саканите луѓе во локалната заедница.

5. Работите долго време нема целосно да се вратат во нормала

Дури и ако вакцината во голема мера го елиминира вирусот, работите нема да се вратат во нормала додека целиот свет не ја победи болеста.

6. Следната пандемија нема ни приближно да биде толку лоша

Иако оваа пандемија беше ноќен кошмар, тој се надева дека следниот пат кога ќе се појави патоген убиец, светот ќе биде подобро подготвен.

7. Гејтс е оптимист дека 2021 ќе биде подобра

Тој вели дека е оптимист и дека светот во 2021 ќе закрепне од сите работи кои го снајдоа во текот на изминатата година.

8. Ќе има повеќе вакцини

Гејтс претходно годинава зборуваше за неговата намера да вложи милијарди долари во развој на производствени капацитети за седум потенцијални вакцини, додека очекуваше само две од нив дека успеат. Сега, меѓутоа, тој тврди дека развојот на две добри вакцини сугерира дека ќе има и други успешни.

9. Короната е помалку разорна во сиромашните земји

„Згрешив во едно и тоа ме прави среќен, барем се надевам дека згрешив, а тоа е дека мојот страв дека коронавирусот ќе пустоши во земјите со низок приход“, смета Гејтс.

Всушност, процентот на смртност во Субсахарска Африка е под оној во САД и во Европа.

10.Кога станува збор за лек против болеста COVID-19, Гејтс на Twitter во повеќе наврати порача дека лекувањето со имунотерапија или антитела е најдобрата шанса да ја победиме короната.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе