УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2020/21

Преглед на 3. коло од ЛШ (ден 2)

Без проблеми за Јувентус, Челси и Борусија, Манчестер Јунајтед падна во Истанбул, нов кикс на ПСЖ, неверојатен пресврт на Севиља.

Холанд постигнува еден од своите два гола
Група Е

Кошмарен натпревар за Рен одигра Бразилецот Далберт кој направи два пенала и доби црвен картон со што буквално беше главен виновник за победата на Челси која потоа ја потврди Ејбрахам.

Челси - Рен 3:0
10' (п), 41' (п) Тимо Вернер, 50' Тами Ејбрахам

Неверојатен пресврт за победа приреди Севиља, или Краснодар доживеа неверојатно испуштање победа. Русите водеа со 0:2, Севиља намали на 1:2, но потоа остана со 10 играчи откако Хесус Навас беше исклучен во последните моменти од првиот дел. Во 60. минута во игра влезе Мароканецот Ен Несири кој со два брзи гола се погрижи за целосен пресврт.

Севиља - Краснодар 3:2
42' Иван Ракитиќ, 69', 72' Јунес Ен Несири - 17' Магомед Сулејманов, 21' (п) Маркус Бериј

Табела:

  1. Челси 7
  2. Севиља 7
  3. Краснодар 1
  4. Рен 1
Група Ф

Со големи проблеми поради позитивни играчи Лацио отпатува за Санкт Петерсбург каде сепак успеа да освои бод. Домашните водеа до самиот крај кога Еквадорецот Каиседо израмни. Лацио беше без Имобиле, Лаѕари, Лејва, Лулиќ, Стракоша, Луис Алберто.

Зенит - Лацио 1:1
32' Александр Јерохин - 82' Фелипе Каиседо

Борусија со фуриозно прво полувреме си обезбеди победа на гостувањето кај Бриж кој, изненадувачки, досега беше непоразен. Азар помладиот и голгетерот Холанд ја донесоа втората победа за тимот од Дортмунд.

Криж - Борусија (Д) 0:3
14' Торган Азар, 18', 32' Ерлинг Браут Холанд

Табела:

  1. Борусија (Д) 6
  2. Лацио 5
  3. Бриж 4
  4. Зенит 1
Група Г

Киевски Динамо беше прежален пред гостувањето во Барселона бидејќи со куп позитивни играчи можеше да смета на комбиниран тим со неколку тинејџери меѓу кои и 18-годишниот голман Руслан Нешчерет. Не само што Барса не успеа да оствари голема победа, туку Динамо се избори за сосема нормален пораз од 2:1.

Барселона - Динамо (К) 2:1
5' (п) Лео Меси, 65' Жерард Пике - 75' Виктор Циганков

Италијанскиот шампион многу лесно дојде до трите бода на гостувањето во Унгарија каде домаќините дури во 90. минута успеаја да постигнат почесен погодок.

Ференцварош - Јувентус 1:4
90' Франк Боли - 7', 60' Алваро Мората, 73' Пауло Дибала, 81' (аг) Лаша Двали

Табела:

  1. Барселона 9
  2. Јувентус 6
  3. Динамо (К) 1
  4. Ференцварош 1
Група Х

По двете одлични партии против ПСЖ и Лајпциг, Манчестер Јунајтед киксна на гости кај турскиот шампион. 

Башакшехир - Манчестер Јунајтед 2:1
13' Демба Ба, 40' Един Вишча - 43' Антони Марсјал

Продолжи лошата форма на финалистот од ланското издание. ПСЖ овој пат потклекна и кај Лајпциг иако поведе уште во 6. минута. Стрелецот на тој гол, Ди Марија, десет минути подоцна промаши пенал за водство од 0:2, а потоа домаќините со два гола ја однесоа победата.

Лајпциг - ПСЖ 2:1
42' Кристофер Нкунку, 57' Емил Форсбериј - 6' Анхел Ди Марија

Табела:

  1. Манчестер Јунајтед 6
  2. Лајпциг 6
  3. ПСЖ 3
  4. Башакшехир 3

Наредното 4. коло е на програмата на 24 и 25 месецов, по завршувањето на репрезентативниот прозорец.

реклама

Зошто не треба да ги фрлате стеблата од пиперка?

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Топ 4 најнездрави мрсни намирници кои веројатно често ги јадете

Read more

Која риба го надминува и лососот по хранливост?

Read more

Фудбал

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Read more

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Read more
 

Спорт

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе

И Добри Дол ќе има прволигаш: Беса 1976 обезбеди промоција

Читај повеќе

Ерлинг Холанд станува лик во култна видео игра

Читај повеќе

Не е само шоу, Ајрон Мајк оди на 51. победа во кариерата

Читај повеќе

Леброн одговори на прашањето дали ќе остане во Лејкерс

Читај повеќе

Битка на титаните: Баерн и Реал по осми пат играат за финале

Читај повеќе