Преголема побарувачка, Defender на Land Rover се произведува во три смени

Со оглед на бројот на дојдовни нарачки, Jaguar Land Rover воведе трета работна смена за производство на Defender.

Во моментов нешто повеќе од 53.000 клиенти го чекаат моделот Defender на Land Rover, кој се нуди во три опции за каросерија (кои се кријат зад броевите 90, 110 и 130), па во обид да ја намали листата на чекање, британската автомобилска компанија воведе трета работна смена во својата фабрика во Словачка, каде што се произведува еден од најдобрите теренски автомобили на денешницата.

Jaguar Land Rover го произведува и моделот Discovery во словачката фабрика, чија побарувачка во последниот квартал од 2022 година беше минимална, а долгата листа на чекање за Defender се објаснува со проблемите со испораката на делови кои ги мачат повеќето автомобилски компании за изминатите неколку години.

Сè уште не е потврдено дали Jaguar Land Rover ќе го понуди и претходно најавениот Defender во „пик-ап“ верзија, со што би се комплетирала понудата, но се споменува дека електричниот Defender ќе биде готов пред крајот на деценијата. Што се однесува до електрификацијата, Jaguar има намера од 2025 година да произведува само електрични автомобили.

Defender моментално се нуди во комбинација со неколку турбодизел и турбобензински мотори. На врвот на гамата, покрај опциите за каросерија 90 и 110, е верзијата придвижувана од 5-литарски V8 бензински мотор кој развива 525 КС, а со продолжената верзија 130, клиентите може да сметаат на осум седишта.

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Авто новости

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Read more

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Read more

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Read more

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Read more
 

Автомобили

Plug-in хибридите загадуваат речиси исто како и обичните автомобили - кој е одговорен за тоа?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Пристигна новото Ferrari со славниот 6,5-литарски V12 мотор

Читај повеќе

Драма во Tesla, Маск го отпушти целиот оддел Supercharger

Читај повеќе
  • filter

Италијанците го претставија концептот Quintessenza: GT што се претвора во пикап

Читај повеќе
  • play_arrow

Соочување на теренците: Ferrari Purosangue против Lamborghini Urus

Читај повеќе

Колку е навистина реално автоматското возење?

Читај повеќе
  • filter

Renault официјално го претстави Symbioz: По стапките на Espace и Scenic

Читај повеќе

ЕУ ја промаши целта – нема каде да се полнат електричните автомобили

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Да, ова футуристичко чудо е Škoda

Читај повеќе