Претседателот на Ла Лига: Барса не е во позиција да го врати Меси

Претседателот на шпанската Ла Лига, Хавиер Тебас, оцени дека Барселона моментално не е финансиски способна да го врати Лионел Меси, но додаде дека се надева дека ситуацијата ќе се промени.

„Во моментов не би можеле да го регистрираат, но има уште време“, изјави Тебас на прес-конференција.

Претседателот на Ла Лига изрази „надеж“ дека каталонскиот клуб ќе успее да ја врати аргентинската ѕвезда, чиј договор со Пари Сен Жермен истекува во јуни.

„Нема да ги менуваме правилата за финансиска контрола одобрени од клубовите, за да може Барса да го регистрира Меси, дури и ако нашата желба е тој да се врати во нашиот шампионат“, изјави Тебас.

Каталонскиот весник Mundo Deportivo објави дека Барса има „цврста намера да го купи Лео Меси“ следното лето.

Меси ја напушти Барселона во летото 2021 година и се пресели во ПСЖ. Аргентинецот на 69 натпревари постигна 31 гол, но не успеа да стане идол во Париз, особено поради неуспехот на парискиот клуб во Лигата на шампионите.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Фудбал

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Read more

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Read more

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more
 

Спорт

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе

Модриќ има „план Б“ во случај да замине од Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе