110 години Montblanc

Претставени новите луксузни колекции на Montblanc

Безвременската „снегулка“ која го симболизира изгледот на снежната капа со која е прекриен највисокиот европски врв Мон Блан, оваа година слави 110 години од своите пионерски почетоци. Цели 110 години, Montblanc e најпрепознатливата икона во универзумот на пишувачките инструменти, која нè учи на уметноста на пишување “ Montblanc – The Art of Writing “ и сè до денешен ден држи чекор со модернизацијата и паметните уреди кои едноставно се наметнуваат во секојдневниот живот.

Montblanc ја револуционализира културата на пишување пробивајќе се преку своите иновации, а со својата длабоко вкоренета култура на калиграфија (убаво пишување), Montblanc има поставено меѓународен стандард на културна и естетска посветеност. Инструментите за пишување , на кои им се посветува со целото свое внимание и време во процесот на дизајнирање и изработка , целосно се изработени од племенити смоли и метали. Со тоа се вградува душа во инструментот, која потоа лесно се поврзува со внатрешното Јас на сопственикот и стануваат една неразделна целина.

Денес, Montblanc продолжува да ги поместува границите развивајќи го врвното мајсторство низ секоја од своите категории на производи како што е врвот на луксузните инструменти за пишување, софистицирани и ексклузивни кожни производи, накит, очила за сонце, парфеми, за на крај да навлезе во светот на мерачите на време, изработувајќи часовници со најкомплицирани автоматски механизми.

На 14 октомври, историскиот простор на Музеј на град Скопје доби урбана атмосфера во која беа претставени колекциите на Montblanc. Презентацијата, организирана од „Божиновски часовници и накит“, беше ексклузивна можност претставниците на медиумите и гостите одново да се запознаат со луксузниот бренд и да прослават 110 години иновативност и префинетост.

Уникатниот простор во кој беа презентирани колекциите беше олицетворение на стилот, самодовербата исофистицираноста на Montblanc и совршен спој на историските елементи и луксузот на модерното живеење, по кои брендот е добро познат. Гостите уживаа во отмената атмосфера со класичните звуци на пијанистката Ема Ананиевска.

Извршниот директор на Montblanc, Jérôme Lambert, изјави:

Montblanc слави 110 години од историјата. Ова патување е посветено насоздавање на фино изработени и безвременски содружници и горди сме што „Божиновски часовници и накит“ од Македонија ни се придружници на ова патување.”

Од Божиновски изјавија дека им претставува голема чест што се ексклузивен застапник на Montblanc во Македонија и што имаат можност да го пренесат урбаниот и луксузен дух на овој иконски бренд, кој со својата мисија стави ултимативен печат, со врвната изработка, иновацијата, квалитетот и изразувањето на стилот.

Компанијата „Божиновски часовници и накит“ постои на македонскиот пазар веќе 20 години, со продажни салони во Скопје и Битола, како и мрежа на агенти низ државата. Тие се горди претставници за швајцарските брендови за часовници и накит: Swatch, Calvin Klein, Tissot, Hamilton, Longines, Omega, Breitling, TAG Heuer, MontBlanc и други.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Стил

Моника Белучи, имај милост!

Read more

Ирина Шајк во no pants тренд, но сите гледаа во нејзините чевли

Read more

Северина или Ирина?

Read more

Џеј Ло не се откажува од трендот на сезоната

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе