Претстојната зима ќе биде потопла и со повеќе снег

Зимата 2021/2022 се очекува да биде со малку натпросечни температури и количини на врнежи во однос на многугодишниот просек 1981-2010 година, покажува сезонската прогноза на УХМР изработена врз основа на анализите на Европскиот центар за среднорочна прогноза на времето (ECMWF), Виртуелниот центар за климатски промени за Југоисточна Европа (SEEVCCC), како и други светски прогностички центри.

Фото: Филип Здравески / Кајгана

Очекуваните влијанија од позитивните отстапувања на температурата на површината на морињата во последните неколку месеци укажуваат и на пораст на температурите на воздухот, како на поголемиот дел од Европскиот континент, така и на тeмпературите на воздухот во Северна Македонија.

Тeмпературите на воздухот во земјава за период декември 2021 - јануари 2022 - февруари 2022 имаат поголема веројатност да бидат натпросечни, со позитивно отстапување од околу 2°C од многугодишниот просек. Отстапувањето се очекува да биде поизразено во источниот регион на Северна Македонија.

Се очекува просечно врнежлива зима, со мала веројатност за позитивно отстапување во источниот регион на Северна Македонија и мало подпросечно отстапување во западниот дел.

Просечната температура за зимата (декември-јануари-февруари) за период 1981-2010 година се движи од -1,5°C измерена на метеоролошката станица во Маврово, до 5,0°C измерена во Гевгелија, а просечните зимски суми на врнежи се од 90 mm измерени на МС Штип до 319,4 mm измерени на метеоролошката станица во Лазарополе.

Просечната температура на воздухот измерена на метеорлошката станица во Скопје изнесува 2,0°C, а просечната количина на врнежи 110 mm.

реклама

Македонија

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Read more

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Read more

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Read more

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more
 

Вести

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе