Приказна за откривањето на Церера: Најмала џуџеста планета или најголем астероид?

Идејата за нова планета се базирала врз таканаречениот Бодеов закон за растојанието на планетите во Сончевиот систем. Станува збор за математичка формула која во 1766 година ја поставил германскиот астроном Јохан Тициус, но ја популаризирал друг германски астроном, Јохан Боде, според кој и станала позната како Бодеов закон.

Формулата може да се објасни на следниов начин: се земаат броевите 0, 3, 6, 12 итн. секој нареден да биде дупло поголем од претходниот. На секој од нив му се додава бројот 4 и се добиваат нови броеви 4, 7, 10, 16 итн. Потоа на секој број му се доделува по една планета и тоа по соодветниот распоред почнувајќи од Меркур. Така, броевите го претставуваат релативното растојание помеѓу планетите во Сончевиот систем.

Иако формулата асоцира на некој алхемиски концепт, таа всушност се покажала како прилично точна. Проблемот е што во оваа формула не се вклупува растојанието помеѓу Нептун и Плутон, но секако овие планети во тоа време и не ни биле познати.

Она што паѓа в очи кај оваа формула е растојанието 28 помеѓу Марс и Јупитер. Сѐ останато глатко се поклопува и астрономите, кои никогаш не се сомневале во постоењето на јасен поредок во вселената, поверувале дека навистина помеѓу Марс и Јупитер треба да постои уште една планета.

Небесна полиција

Во Лилиентал близу Бремен, на 21 септември 1800 година неколкумина астрономи одлучиле да основаат здружение на астрономи чија задача ќе била да се пребара просторот помеѓу Марс и Јупитер како би се нашла нова планета. За претседател бил избран Јохан Хиеронимус Шретер, по професија правник, но љубител на астрономијата, додека за секретар на здружението бил назначен Франц Ксафер фон Цах. Одлучено било небото да се подели на сектори и секој член имал задача да изработи карта на соѕвездијата на својот дел од небото. Здружението станало познато под името Небесна полиција. Дури и се договориле идноотриената планета да ја именуваат Фетон (според несреќниот син на богот Хелиј).

Но, небесните полицајци немале среќа во потрагата и на 1 јануари 1801 година на предвиденото растојание од Сонцето (27,7) наместо тие, ново небесно тело пронашол Џузепе Пјаци, кој не бил член на Полицијата. Пјаци на откриеното тело му го дал името Церера во чест на римската биожица на плодноста и бракот, заштитничка на Сицилија.

Во наредните години во истото подрачје биле пронајдени уште тела: 2 Палада (1802), 3 Јунона (1804), 4 Веста (1807) итн. Сепак, се востановило дека ниту едно од овие тела не е доволно големо за планетата која се очекувала. Она што било пронајдено било само еден куп камења кои лутаат помеѓу Марс и Јупитер.

По сѐ тие би можеле да бидат и планети, по сѐ освен по големината. Затоа се наречени и мали планети, планетоиди и астероиди бидејќи кога се гледаат преку телескоп со својот изглед потсетуваат и на ѕвезди.

Што се однесува на Церера, нејзиниот статус се менувал: веднаш по откривањето е прогласена за планета. Подоцна е прекомандувана како астероид, а потоа, во 2006 година на заседанието на Меѓународната астрономска унија во Прага добила статус на џуџеста планета.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе