Италијанскиот произведувач објави тизер фотографии од новиот модел кој ќе биде претставен следната година.
Maserati во 2020 година го претстави суперспортскиот модел MC20 Coupe, a за 2022 година подготвуваат автомобил со отворен кров.
Пред премиерата објавија фотографии од претпродукцискиот модел.
Го движи твин турбо V6 кој забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,9 секунди, а од 0 до 200 км/ч за 8,8 секунди.
Максималната брзина на автомобилот е над 325 километри на час. Најавениот кабриолет ќе има слични перформанси.