Приватниот авион на легендата Елвис Присли оди на аукција по 30 години на пистата во Росвел, Ново Мексико.
Ваквиот сувенир е преголем да го собере во гаража, но тоа нема да ги одврати фановите да се наддаваат на аукцијата. Овој Lockheed JetStar произведен во 1962 ќе му припадне на оној кој ќе понуди најмногу на 27 мај.
Почетната цена за приватниот авиот на кралот на рокенролот е 10.000 долари, а верните фанови се надеваат дека тој ќе дојде во рацете на Присила Присли и дека таа ќе го постави во некој музеј.