Полициски службеници од Полициската станица за граничен премин „Богородица“ синоќа околу 20:00 часот на влезот за гевгелиското село Богородица, го лишиле од слобода З.Љ.(42) од Скопје.
При контрола во возилото „пежо“, со скопски регистарски ознаки, кое го управувал, информираа денеска од МВР, биле пронајдени три лица мигранти од Куба, Л.М.Л.(39), Р.Р.Д.(31) и еден малолетник.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител, а мигрантите биле спроведени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“ во Гевгелија.
З.Љ. бил приведен и предаден во Полициска станица Гевгелија и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.