Професорка наведе шест причини зошто жените изневеруваат

Жените кажуваат дека уживањето во водењето љубов и достигнувањето кулминација е еден од најважните моменти, па за тоа се подготвени да го изневерат партнерот.

Професорката Алиша Вокер од Државниот универзитет во Мисури разговарала со многу жени кои ги изневеруваат (или ги изневерувале) своите сопрузи и заклучила дека тоа го прават затоа што сакаат да си го спасат бракот. Тоа, рекле многу испитанички, ги направило подобри сопруги.

„Тоа биле пресметаните одлуки на овие жени да го добијат она што им недостига во бракот, што за многу од нив е токму оргазмот. Тие навистина изневерувале за да го спасат бракот, колку и да беше изненадувачки тоа сознание. Некои рекоа дека немале избор - или ќе ги остават своите сопрузи или најдат љубовник кој сексуално ќе ги задоволи“, изјави Алиша Вокер.

Една од тие жени била 47-годишната Тифани. Рекла дека недостигот на секс во бракот за малку ќе ја полудел. Друга жена, Габриела (45), признала дека била на крстопат во животот - да го изневерува сопругот или да го остави, пренесува Superwoman.

Алиша Вокер издвои шест причини зошто жените изневеруваат:

  • Се обидуваат да го спасат бракот.
  • Немаат доволно секс дома.
  • Им помага да се чувствуваат моќно.
  • Сакаат да ја вратат контролата врз својот живот.
  • Сакаат разноликост во водењето љубов.
  • Од емоционални причини.

„Многу од овие жени не воделе љубов со своите сопрузи со години, а некои со децении. Живееле во сексуална пустина. Некои од овие приказни се навистина тажни. Една од нив ми кажа дека нејзиниот сопруг има здравствени проблеми, таа многу го сакала и уште беше вљубена во него. Сакаше тој да биде оној со кој ќе води љубов, но тој беше болен. Стана многу огорчена“, раскажува Алиша Вокер.

„Имаше и жени кои имаа бракови без секс и не знаеја зошто, а беше потресно да се слушаат нивните приказни. Честопати велеа: ‘Мојот сопруг не сака да води љубов со мене, а јас не знам што е причината’. Годините поминати во одбивање се болни“, вели Алиша и додава дека оваа тема ја заинтересирала кога ја прочитала студијата според која е најверојатно дека жената ќе најде љубовник во раните четириесетти.

„Повеќето од нив велеа дека ги сакаат своите сопрузи, дека се добри татковци, добри луѓе, одлични пријатели. Велеа дека се во дилема - дали да ги разделат децата од таткото, да му го скршат срцето, да завршат сами или да најдат љубовници и да го одржат семејството цело“, објаснува Алиша Вокер.

Таа напомена и дека многу жени како главна причина за прељубата го спомнале оргазмот, но многумина признале дека поради аферата станале подобри жени и подобри мајки, биле задоволни.

„Тие внимателно ги бирале мажите - оние кои нема да бидат закана за нивните бракови, за кои нема да бидат емотивно врзани. Бараа секс без емоции. Осум од нив рекоа дека изневерувале за да исполнат некои од нивните емоционални потреби“, заклучи Алиша Вокер.

Тагови
реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Љубов и секс

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе