Прогласен Тимот на годината на УЕФА, Реал Мадрид со најмногу претставници

Нион, 11 јануари 2019 (МИА) – Европската фудбалска централа УЕФА го објави Тимот на 2018 година, составен од најдобрите играчи во европски тимови за изминатите 12 месеци. Гласањето зависи целосно од навивачите, откако 168.543 лица го дале својот глас на сајтот на УЕФА.

Европскиот клупски шампион Реал Мадрид е со најмногу претставници – 4-ца, без да се брои Роналдо, кој го напушти тимот во текот на летото. На овој начин мадриѓани го надминуваат крвниот непријател Барса по вкупен број фудбалери на оваа листа во историски план, откако веќе се број 1 во овој поглед со 48 играчи, а каталонците со 47.

Од поединечните земји, најмногу фудбалери во ова издание има светскиот првак од Светското првенство 2018, Франција – три.

Еве го и Тимот на УЕФА за 2018:

Голман

Марк-Андре тер Штеген (Барселона / Германија) – 30,4 отсто од гласовите

Дефанзивци

Серхио Рамос (Реал Мадрид / Шпанија) – 49,7 отсто од гласовите

Вирџил Ван Дајк (Ливерпул / Холандија) – 46,2 отсто од гласовите

Рафаел Варан (Реал Мадрид / Франција) – 44,9 отсто од гласовите

Марсело (Реал Мадрид / Бразил) – 61,1 отсто од гласовите

Среден ред

Лука Модриќ (Реал Мадрид / Хрватска) – 68,5 отсто од гласовите

Н`голо Канте (Челзи / Франција) – 53 отсто од гласовите

Еден Азар (Челзи / Белгија) – 57,9 отсто од гласовите

Напаѓачи

Килијан Мбапе (Пари Сен Жермен / Франција) – 38,6 отсто од гласовите

Лионел Меси (Барселона / Аргентина) – 63,7 отсто од гласовите

Кристијано Роналдо (Јувентус / Португалија) – 64,3 отсто од гласовите.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе