Проклетството на титулата во Англија - Конте шестиот во низа кој добива отказ?

Како што се одвиваат работите, се поизвесно станува дека Антонио Конте ќе добие отказ во Челзи, иако тој истакнува дека не чувствува притисок и одбива да поднесе оставка.

Челзи моментално е четврти на табелата во Премиер лигата и има дури 19 поени помалку од лидерот Манчестер Сити, а нема поминато уште ниту една цела година од освојувањето на титулата шампион во Англија.

Ако Италијанецот добие отказ, ќе продолжи необичната традиција во Премиер лигата, бидејќи тој ќе стане третиот тренер кој добил отказ во сезоната откако ја освоил титулата.

Претходно, таква трагична судбина го следеше Клаудио Раниери, кој беше отпуштен само осум месеци после историската титула со Лестер Сити, а сезона порано повторно Челзи му даде отказ на тренер кој претходната сезона му донесе титула шампион – Жозе Мурињо.

Вкупно гледано, последните пет шампиони ги менувале тренерите уште во следната сезона, бидејќи пред Мурињо, Мануел Пелегрини го напушти Сити, пред него Сер Алекс Фергусон се пензионираше после последната титула со Јунајтед, а се почна од Роберто Манчини кој доби отказ после титула со Сити.

Во меѓувреме, почнаа шпекулациите околу тоа кој ќе го наследи Конте на клупата на „Сините“, а нов фаворит е Луис Енрике.

Како што тврдат поединечни медиуми, Шпанецот наводно веќе постигнал договор со Роман Абрамовиќ околу преземање на лондонскиот клуб, после дебаклот на Челзи во Вотфорд во понеделникот (4:1).

Енрике е без ангажман откако ја напушти Барселона на крајот од сезоната, а во меѓувреме одби понуда да седне на клупата на Севиља, која подоцна го ангажираше Монтела.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тајсон пред големата борба: Тешко му е без секс и марихуана

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Читај повеќе
  • filter

Грчка новинарка влезе во историјата на Евролигата: Тука сум да кршам стереотипи

Читај повеќе

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе