Прозорци кои штедат струја - складираат топлина во зима, ја исфрлаат во лето

Креаторите тврдат дека овие прозорци би можело да се инсталираат насекаде низ светот и да „работат“ цела година. Со тоа би се намалила потрошувачката на електрична енергија, но и емисијата на штетни гасови.

Тим експерти од Универзитетот за технологија во Сингапур создадоа материјал кој се користи за „покривање на стаклото на прозорците“ и за заштеда на енергија.

Кога стаклото е обложено со овој материјал, тоа реагира на температурата во околината, па различно се однесува и во лето како и во зима.

Облогата се состои од ванадиум диоксид, полиметил метакрилат кој ја подобрува изолациската способност на прозорецот, а не содржи електронски компоненти.

Ефикасен прозорец кој автоматски ја задржува топлината во зима и ја ослободува во лето може да биде исплатлив и широко применлив начин за заштеда на енергија. Ова е исто така значајно бидејќи прозорците се најчувствителниот дел од секоја градба, па преку нив се губи дури 60% од енергијата.

Во летниот период прозорците се загреваат однадвор, а топлинската енергија се пренесува во внатрешноста на објектот. Кога надвор е ладно, тие се загреваат одвнатре и испуштаат топлина во надворешната средина. Овој процес се нарекува радијативно ладење, што значи дека прозорците не се ефективни за загревање или ладење на градбите, во зависност од сезоната.

Научникот Лонг Ји од Универзитетот за технологија во Сингапур, заедно со група меѓународни експерти, развија специјален модел на прозорец кој независно го вклучува или исклучува ефектот на радијативното ладење, во зависност од неговата температура.

Истражувачкиот тим го обложил стаклото од едната страна со тенок слој ванадиум диоксид, соединение кое се менува од изолатор во проводник на околу 68°C (научниците додале волфрам на ванадиум диоксидот за да ја намалат преодната температура на 28°C, за да бидат прозорците корисни во реалниот свет каде температурите не достигнуваат 68°C). Кога надворешната температура е пониска од таа, прозорецот го блокира инфрацрвеното зрачење, па топлината се задржува внатре. Кога е повисоко, прозорецот ја пушта топлината и ја рефлектира надвор.

Креаторите тврдат дека овие прозорци би можеле да се инсталираат насекаде низ светот и да „работат“ цела година. Со тоа би се намалила потрошувачката на електрична енергија, но и емисијата на штетни гасови. Неопходно е да се направат некои дополнителни подобрувања за производството да биде профитабилно - издржливоста и ефикасноста во блокирањето на инфрацрвеното зрачење се приоритети во следните чекори.

Remote video URL
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе