Филм & ТВ

Прв трејлер за новиот Бонд филм: Адреналинска акција на највисоко ниво

4. декември 2019 - 14:58 | А.С.

Објавен е трејлерот за најновиот филм во франшизата за Џејмс Бонд „No Time to Die“.

Даниел Крег по петти пат го глуми британскиот таен агент 007. Тој потврди дека ова е последно продолжение во кое ќе го игра Џејмс Бонд и дека е време да го замени некој помлад.

Во новиот филм, Бонд ужива во мирен живот откако ја напуштил Тајната служба, додека не го посети стариот пријател Феликс од ЦИА кој ќе побара негова помош.

Тогаш влегува во мисија за спасување на киднапиран научник, а притоа ќе му се најде на патот на еден мистериозен негативец наоружан со опасна модерна технологија.

Трејлерот ветува адреналинска акција на највисоко ниво, а можеби и најдобрата изведба на 007 што Крег ја покажал досега.

Репликата што ќе се памети од овој филм, несомнено ќе биде „Историјата не се покажала милосрдна кон луѓето кои сакале да изигруваат Бог“.

„No Time to Die“ ќе има премиера на 3 април, 2020 година во Велика Британија, а пет дена подоцна и во САД.

Коментирај