Продажбата на електрични автомобили расте пред сѐ поради еко субвенциите во многу европски земји.
Во Европа, во декември 2021 година, пазарниот удел во продажбата на чисто електрични возила (не вклучувајќи ги plug-in хибридите) беше 21 процент, надминувајќи го уделот во продажбата на возила со дизел мотори за прв пат во историјата, за 2%, објави Automotive News Europe.
Додека продажбата на дизел возилата опадна за 26% во споредба со претходната година, забележан е голем скок на бројот на новорегистрирани електрични возила од околу 91% во споредба со 2020 година.
Продажбата на електрични автомобили расте пред сѐ поради еко субвенциите во многу европски земји, но и подобрувањата во инфраструктурата за полначи, наведува истиот извор.