ПСЖ останува и без Кавани за дуелот со Јунајтед

Париз, 10 февруари 2019 (МИА) – Погодокот на Единсон Кавани од белата точка во 42-та минута беше ПСЖ доволен за домашната победа од 1:0 против Бордо, но ретко кога еден тренер бил толку потресен по победа, како што синоќа тоа беше тренерот на Парижаните, Томас Тухел.

Всушност, токму при изведувањето на пеналот, Кавани го повреди бедрото, а со оглед на тоа дека првата ѕвезда на клубот Нејмар и многу важниот Марко Верати се повредени, Тухел е во навистина тешка ситуација.

Во вторник, ПСЖ го очекува најважниот натпревар оваа година – првиот судир со Манчестер Јунајтед во осминафиналето на Лигата на шампионите на „Олд Трафорд“, и многу е веројатно дека тие нема да може да сметаат на дури три свои големи ѕвезди.

Германскиот тренер беше очаен по натпреварот.

„Се разбира дека имам резервен план за секој натпревар, па и за тој против Јунајтед, но како би можел да се подготвам да играм против толку силен ривал без нашите најважни играчи – Верати, Нејмар и сега Кавани. Па сега морам да смислам не план ‘Б’, туку план ‘Д’!“, изјави синоќа Тухел.

ПСЖ е лидер во Лига 1 со 13 бода предност пред вториот Лил, но и со меч помалку.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе