Пукна тиквата: Стефан Ристовски се повлекува од репрезентацијата

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација, Стефан Ристовски, синоќа преку социјалните мрежи соопшти дека се повлекува од репрезентацијата на Македонија.

Веста ја шокираше јавноста, имајќи предвид дека Ристовски беше стандарден во репрезентацијата, а неговиот потег наиде на позитивни реакции од фановите кои сметаат дека репрезентацијата не е добро менаџирана.

Тој во соопштението истакна дека потегот се должи на нарушени односи со селекторот Благоја Милевски.

„Односот меѓу мене и сегашниот селектор Благоја Милевски не е во најдобар ред, за што и лично сме разговарале. Од моја страна му беше предочено, како капитен, за сè она што се случува во и околу репрезентацијата“.

Засега не е познато дали ова повлекување ќе биде на сила само додека е Милевски селектор, па Ристовски пак ќе заигра во македонскиот дрес или ова е крај за него во репрезентацијата засекогаш.

Ристовски за националниот тим досега има одиграно 82 натпревара, на кои постигна 2 гола.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Фудбал

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Read more

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Read more

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Read more

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе
  • play_arrow

Вембанјама едногласно избран за најдобар дебитант во НБА

Читај повеќе

Борусија во Париз по 11 години бара пласман во ЛШ финалето

Читај повеќе
  • play_arrow

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Кајрен Вилсон за прв пат во кариерата стана светски шампион во снукер

Читај повеќе

Кој ќе го замени Жиру во Милан?

Читај повеќе

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе