Путин изрази надеж дека СЗО наскоро ќе ја одобри Спутник V

Рускиот претседател Владимир Путин изрази надеж дека Светската здравствена организација наскоро ќе ја одобри вакцината против коронавирусот Спутник V, велејќи дека овој потег е суштински за зголемување на глобалните резерви.

Во разговор со претседателот на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Франческо Роко, Путин рече дека е неопходно одобрение од СЗО за Русија да им помогне на другите земји испорачувајќи им Спутник V, меѓу другото и бесплатно.

– Планираме да ја прошириме таквата помош, рече Путин.

Одобрувањето на СЗО би било знак за меѓународна доверба во вакцината по ригорозниот процес на тестирање и може да го отвори патот за вклучување на вакцината во програмата КОВАКС, во чии рамки агенцијата на ОН и клучните партнери испраќаат вакцини против COVID-19 во десетици земји низ светот, зависно од потребите.

Рускиот лидер исто така рече дека одобрението на СЗО ќе им овозможи на Русите и на другите кои ја примиле вакцината Спутник V слободно да патуваат, а ги има околу 200 милиони ширум светот.

Путин, кој постојано повторуваше дека вакцинацијата треба да остане доброволна и покрај зголемувањето на бројот на инфекции во Русија, нагласи дека властите користат „убедување, а не притисок“ и оти се борат со „предрасудите и митовите кои предизвикуваат аверзија кон вакцинацијата“.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Свет

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Read more

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Read more

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Читај повеќе

Од полноќ пониски цени на горивата

Читај повеќе

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе