Путин пресече за Нагорно-Карабах: Потпис за мир или почеток на нова војна?

Граѓаните на Ереван протестираат против одлуката да се стави крај на војната во Нагорно-Карабах. Тие го пробија кордонот на безбедносните сили и упаднаа во зградата на ерменската влада.

Remote video URL

Според она што може да се види на преносите на локалната телевизија на интернет, на улиците има илјадници луѓе, додека демонстранти има во самата зграда на владата.

Демонстрантите, како што може да се види на снимката, ги искршија влезовите во зградата на владата и се пробија внатре.

Remote video URL
URL

 

URL

 

URL
„Криминалци и предавници на улиците“

Патем, додека траеја протестите, премиерот Пашинијан преку видео емитувано на Facebook рече дека нема простор за поинаква одлука.

Во исто време, коментирајќи ги протестите во главниот град, тој рече дека тие се „членови на криминални групи и соработници на олигарсите“. Според локалните медиуми, Пашинијан изјавил дека меѓу нив „има луѓе кои краделе од војници, од армијата, не плаќале данок и сега се чини дека зборуваат за предавство“.

„Тие можат слободно да се движат и да прават што сакаат затоа што скоро сите наши сили се на фронтот, а со нив и мојата сопруга и мојот син“, изјави тој.

Тешка одлука

Претходно, премиерот на Ерменија, Никол Пашинијан, изјави дека потпишал примирје со претседателот на Русија, Владимир Путин и претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев.

„Почитувани граѓани, браќа и сестри, јас лично донесов многу тешка одлука за себе и за сите нас. Заедно со претседателите на Русија и Азербејџан, потпишав изјава за прекин на војната во Карабах од 1:00 часот", напиша Пашинијан на Facebook.

Тој истакна дека потпишувањето на изјавата е „засновано на верувањето дека ова е најдоброто решение во сегашната ситуација“.

„Ова не е победа, но не е ниту пораз, сè додека не признаеме дека сме поразени. Никогаш не признаваме дека сме поразени и тоа треба да биде почеток на новата ера на нашето национално единство, обновување. Треба да ги анализираме годините на нашата независност, со цел да ја испланираме нашата иднина и да не ги повториме грешките од минатото“, рече Пашинијан.

„Се боревме до крај. Ќе победиме“, заклучи ерменскиот премиер.

Алиев слави

Во серија пораки на Twitter, претседателот на Азербејџан, Илхам Алиев, ги пофали „победничките вооружени сили на Азербејџан“, кои, како што рече, „ослободија“ бројни места во Нагорно-Карабах од окупација.

URL
Путин: Војниците остануваат на своите позиции

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека и покрај декларацијата за крај на војната во Нагорно-Карабах, ерменските и азербејџанските сили ќе останат на своите позиции и дека на терен е испратена руска мировна мисија, пренесува ТАСС.

„Република Ерменија и Република Азербејџан ќе останат на своите сегашни позиции, долж контактната линија во Нагорно-Карабах и по коридорот што го поврзува Нагорно Карабах со Република Ерменија“, рече Путин на заедничката прес-конференција во Москва со азербејџанскиот претседател Илхам Алиев и премиерот на Ерменија, Никол Пашанијан.

Тој додаде дека во Нагорно Карабах бил испратен мировен контингент на Руската Федерација.

URL

Претседателот на Русија најави дека примирјето ќе почне на полноќ и дека Ерменија и Азербејџан треба да разменуваат воени заробеници.

Путин истакна дека декларацијата за завршување на војната, потпишана од Баку, Ереван и Москва, на долг рок и на фер начин ќе помогне во решавање на спорот за Нагорно Карабах и ќе биде во интерес на азербејџанскиот и ерменскиот народ.

Уште еден „Илјушин 76“ стигна во Нагорно-Карабах за зачувување на мирот

Руското Министерство за одбрана  денеска соопшти дека и шестиот воен авион „Иљушин 76“ со руски мировници заминал за Нагорно-Карабах.

„Воен авион со руски мировници полета од аеродромот во Улјановск. Авионот превезува персонал и мировници, разни материјали и возила”, се наведува во соопштението на Министерството, пренесе ТАСС.

Руското Министерство за одбрана претходно соопшти дека во Нагорно Карабах ќе бидат испратени 1.960 мировници, 90 оклопни возила и 380 возила за различни намени.

Мировниот контингент во Нагорно Карабах ќе биде формиран од единиците на 15-тата моторизирана артилериска бригада.

За да го спроведат договорениот мир руските мировници ќе постават линија на разграничување меѓу Ерменците и Азербејџанците во Нагорно Карабах, а нивниот команден центар ќе биде во Степанакерт, главниот град на територијата.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Свет

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Read more

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе