Путин во ненадејна посета на Мариупол

МИА / КАЈГАНА
/ 19.03.2023 / 14:02

Рускиот претседател Владимир Путин во последен момент одлучи да замине во Мариупол, украинскиот град уништен со бомбардирање, соопшти денеска Кремљ, додека украинските власти ја осудија посетата на рускиот лидер кого го нарекоа „меѓународен злосторник“.

„Сето тоа беше многу спонтано“, рече портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој додаде дека не била планирана ниту обиколка на градот, ниту посетата на локалниот музички театар, ниту средбата со жителите на овој пристанишен град.

Властите на Мариупол ја осудија посетата на рускиот претседател.

„Меѓународниот злосторник Путин ноќеска го посети окупираниот град Мариупол, веројатно за да не го види градот убиен од неговото 'ослободување' во текот на денот“, соопштија градските власти на Telegram.

Ова е прво патување на рускиот претседател во украинскиот град, кој со месеци беше под опсада и заземен од руските сили во мај 2022 година.

Како што беше најавено претходно утринава од Кремљ, Путин со хеликоптер отпатува за Мариупол и го обиколи градот со автомобил, кој сам го возел.

Путин разговарал со жителите на Мариупол и му бил презентиран извештај за работите на обновата на овој уништен пристанишен град на Азовското Море.

Remote video URL

Тој вчера беше во ненадејна посета на Крим по повод 9-годишнината од анексијата на полуостровот, кој Русија го анектираше во 2014 година откако жителите во огромно мнозинство на референдум се изјаснија за приклучување кон Русија.

реклама

Ѕвезди кои го користат OnlyFans за дополнителен приход: Многу актерки и пејачки ги изненадија обожавателите

Read more

Колку гориво трошите кога возите со 160 км/час во споредба со 100 км/час?

Read more

Италијанска водителка е ѕвезда на Клупскиот мундијал: Сакала да биде мис, станала новинарка

Read more

Последен трансфер во кариерата: Oд Дубаи во холандски затвор

Read more

Свет

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Read more

Што е теоријата Пентагонска пица?

Read more

Нов бран израелски напади во Иран

Read more

Што се пренесуваше на трите мистериозни кинески летови кон Иран?

Read more
 

Вести

Движењето со инвалидски колички во Скопје е можно само ако можат да летаат – активистите со провокативна акција

Читај повеќе

Левица: Кафуле во сопственост на заменик-министерка од ВЛЕН добило 9.000 евра од Општина Чаир

Читај повеќе

Путин: Немаме докази оти Иран сака нуклеарно оружје, му кажувавме на Израел

Читај повеќе

Ново апсење на патот Гостивар-Тетово: Tетовец возел 190 км/ч, а дозволено е 80

Читај повеќе

Во Охрид се одбележува Денот на Охридското Езеро

Читај повеќе

Што е теоријата Пентагонска пица?

Читај повеќе
  • play_arrow

Нов бран израелски напади во Иран

Читај повеќе

Земјотрес во Охрид

Читај повеќе

Сончево време со температура до 33 степени

Читај повеќе