Рускиот претседател Владимир Путин привлече најмногу внимание на вчерашната спектакуларна церемонија во Пекинг, при отворањето на Зимските олимписки игри.
Путин беше одвоен од останатите гости и опуштено ја гледаше церемонијата се до моментот кога на ред дојдоа спортистите од Украина. Во тој момент, изгледаше како да спие па практично ги игнорираше Украинците.
Оваа негова реакција предизвика внимание во јавноста поради тензиите што во последно време постојат меѓу Русија и Украина, а која може да се претвори во војна.
Путин на церемонијата не можеше да го види руското знаме поради допинг скандал на руски спортисти.
На отворањето на стадионот „Птичјо гнездо“ немаше претставници на САД и земји блиски до нив.