Расте незадоволството поради рестриктивните мерки низ Европа

МИА/КАЈГАНА
/ 26.01.2021 / 13:24

Во многу европски земји, со месеци е во сила строг „локдаун“, што заедно со бавната кампања за вакцинација, но и појавата на нови варијанти на вирусот, резултира со фрустрација, гнев и бегство во светот на забавите.

„Корона-немирите“ најсилно ја погодија Холандија, оценува Deutsche Welle. Во таа земја има големо незадоволство поради воведувањето на ноќниот полициски час, кој важи од викендот. Стотици насилни млади луѓе протестираа во неделата, а потоа и синоќа. Тие, исто така, ја нападнаа полицијата на улиците во Амстердам, Ротердам и Хаг.

– Не сме виделе толку насилство во последните 40 години, рече Коен Симерс, претставник на холандскиот полициски синдикат НПБ.

Remote video URL

Премиерот Марк Руте на Twitter оцени дека овие настани немаат никаква врска со протести или борба за слобода, туку дека станува збор за „криминално насилство“, пренесува Deutsche Welle.

И британската полиција имаше многу работа за време на викендот. Со кучиња и хеликоптер, лондонската полиција прекина една нелегална забава со 300 гости за време на викендот. На местото на настанот, 78 лица мораа да платат казна од 200 фунти за кршење на прописите во врска со коронавирусот. Многумина избегнаа казна, прекачувајќи се преку ограда. Една недела порано, полицијата прекина забава со 200 гости.

И во Германија, во одредени случаи надвладеа желбата за забава наспроти прописите за заштита на здравјето. Во неколку сојузни провинции, полицијата прекина помали „корона-забави“ и поднесе обвиненија.

Во Данска се уапсени три лица кои запалија кукла на која беше залепена слика на премиерката Мете Фредериксен за време на протестите, одржани викендов, против ограничувачките мерки. Под куклата стоеше натпис „Таа мора да биде убиена“. Инцидентот предизвика големо незадоволство во Данска.

Во Полска угостителите и туристичките работници протестираат против продолжувањето на рестриктивните мерки. Претставници на повеќе од сто хотели, ресторани, барови, како и бројни претприемачи од забавната индустрија, минатата недела заедно излегоа на Твитер, најавувајќи дека повторно ќе започнат со работа. Тие сметаат дека се во право врз основа на пресудата на управниот суд во полскиот град Ополе, која утврди дека е воведен делумен „локдаун“ без механизмот предвиден во полскиот Устав.

Сопствениците на десетици ресторани и кафулиња во Чешка се побунија против владините мерки против пандемијата, кои треба да останат во сила најмалку до средината на февруари. Тие ги отворија своите врати за гостите во неделата, иако им е дозволено да доставуваат само храна за носење. Полицијата поведе неколку прекршочни постапки, а предвидени се и казни до 800 евра.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Read more

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Read more

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more
 

Вести

Грчкиот министер: Договорот од Преспа е текст со огромни проблеми, лага е дека сум учествувал во изготвувањето

Читај повеќе

23-годишна девојка од Кочани истепала и ограбила жена од Штип

Читај повеќе

Полската армија нуди летни кампови наместо сезонски работни места

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Масовни напади на Крим: Што откриваат сателитските снимки?

Читај повеќе

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе