Разбивање митови: Легендата за жената папа која го водела Ватикан

Векови наназад се раскажува приказната дека на светата столица во еден период седела и жена, меѓутоа колку оваа приказна и да звучи интересно, некои факти велат дека веројатно е невистинита.

Многумина ја слушнале приказната за жената која преправена во машко, од секретар на куријата, преку кардинал, стигнала до поглавар на Римокатоличката црква. Според средновековните хроники напишани од Жан де Мајли на почетокот од XIII век, нејзиниот идентитет бил откриен кога јавајќи добила породилни болки. Бидејќи овој наводен настан предизвикал голем скандал, за казна била врзана за коњ кој ја влечел по градот додека луѓе ја каменувале.

Ова е воедно и најраниот опис за оваа жена, а од тој момент и почнала да се шири легендата за прославената папеса Јована, додека љубопитноста на луѓето за оваа мистериозна жена дополнително ги популаризирала овие приказни.

Малку веројатна приказна

Повеќето историчари денес сметаат дека приказната за Јована е речиси сигурно тешка измислица и дека веројатно била користена во антипапски цели и пропаганда. Истакнуваат дека првата причина за сомнеж е тоа што постојат неколкку различни верзии за неа сместени во различни историски периоди - најпозната е секако онаа од Жан де Мајли, но и од бискупот Мартин од Опава кој ја напишал „Историја на папите и царевите“.

„Јован е роден во Мајнц, тој беше папа 2 години, 7 месеци и 4 дена, а умре во Рим, по што папството беше празно еден месец. Се тврдеше дека овој Јован е жена, која во младоста се преправила во маж и љубовникот ја одвел во Атина. Таму студирала различни гранки на науката, сѐ додека никој не можел да ја надмине. А, подоцна во Рим ги посетувала Седумте либерални вештини и предавала со голем углед. Високото мислење кое Римјаните го имале за неа довело до тоа да ја изберат за папа. Додека била на оваа позиција, затруднела. Поради нејзиното незнаење за времето кое преостанало до породувањето, родила син додека учествувала во поворката од базиликата Свети Петар до Латеран, во тесна уличка помеѓу Колосеумот и црквата Свети Климент. По нејзината смрт се зборувало дека е погребана на тоа место. Светите отци секогаш ја избегнуваат таа улица“.

Верзијата на Мартин од Опава изобилува со детали кои многу историчари ги наведуваат како причини за сомнеж за вистинитоста на неговите зборови. Освен изненадувачкото тврдење дека успеала да ги сокрие сите знаци на бременост, не се поклопуваат ниту датумите во кои е сместена приказната - со сигурност може да се потврди дека тогашниот папа бил маж. Освен тоа, несомнено е дека таков настан би предизвикал огромен скандал, после кој би протекле реки мастило, но ниту еден документ од тоа време не ја спомнува папеса Јована.

Пропаганда или исмејување

Приказната најверојатно е последица на фантазија, или што е уште поверојатно - вера. Во светот на историографијата постои одреден консензус дека легендата за папесата веројатно настанала како антипапска сатира, чија цел била да го впери прстот кон измамите кои се вгнездиле во самото срце на Црквата.

За ширењето на легендата голем допринос има Џовани Бокачо со неговото дело „За славните жени“, а подоцна и водечките луѓе на протестантската реформација кои ја користеле приказната за да ја дискредитираат католичклата црква.

Столица како доказ

Исто така, треба да се спомене и стоилицата со дупка во седиштето која наводно била измислена по скандалот со папесата за да можело да се уврдува полот на новиот папа. На оваа столица наводно морал да седне новиот папа за да може да му биде направена проверка на неговите машки атрибути. Доколку папата го поминел тестот свештеник ќе извикал „duos habet et bene pendentes“, односно „има две и добро се држи“.

Сепак, малку е познат фактот дека таква столица навистина постои, но никогаш не била користена за такво испитување. Воедно, некои извори ја споменуваат оваа столица многу пред на историската сцена да се појават приказните за папесата Јована.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Вести

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Read more

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Read more

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Read more

Сондата Voyager 1 се „разбуди“ - повторно испраќа податоци од вселената

Read more
 

Гик

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Читај повеќе