Реагирајте навреме: Шест симптоми на рак на дојка кои не треба да ги игнорирате

Октомври е месец на борба против ракот на дојка, кога низ цел свет се организираат бројни здравствени настани кои имаат за цел да ја истакнат важноста од раното откривање и одењето на редовни дијагностички прегледи. 

Токму затоа лекарите го нагласуваат раното откривање како најважен елемент во борбата против ова малигно заболување, кога ќе се појават првите симптоми.

Во земјава во 2020 година биле регистрирани 988 новозаболени жени од рак на дојка и 316 смртни случаи.

Иако многу жени мислат дека првиот знак на рак на дојка е појавата на грутка, симптомите можат да бидат различни - од гореспоменатата грутка до помалку очигледни симптоми како што се промени на кожата или брадавиците. 

Доколку откриете некои од следните симптоми, тоа не значи автоматски дека имате рак, но од голема важност е што поскоро да посетите лекар.

1. Промени во текстурата на кожата

Секоја промена во текстурата на кожата на или околу градите може да биде знак дека нешто се случува што треба да го провери лекар. Имено, кај некои жени кожата е вовлечена, додека кај други се јавуваат брчки. Секоја од споменатите промени може да укаже на фактот дека лимфните канали во внатрешноста на дојката се блокирани, а кога тоа ќе се случи, дојката станува воспалена и отечена и кожата добива поинаков облик.

2. Појава на црвенило или осип

Иако ова е многу редок симптом на рак на дојка, сепак се јавува во некои случаи. Овој симптом најчесто се поврзува со појавата на специфичен тип на рак на дојка, познат и како Паџетова болест на дојката.

3. Појава на грутка или згуснување на кожата

Грутките обично не се видливи со голо око, но тие можат да се почувствуваат и обично се прв симптом на рак. Важно е да се нагласи дека секоја грутка во дојката не е веднаш рак, но дефинитивно е знак за дополнителни испитувања. При самопреглед на градите, важно е да се внимава на пределот околу пазувите.

4. Промени во брадавиците

Секоја промена на брадавицата може или не може да биде симптом на рак. Ако брадавицата е повлечена, тоа може да укаже на постоење на грутка зад брадавицата која го стега ткивото и предизвикува повлекување, а често може да се појави и исцедок.

5. Видливи вени на дојката

Иако видливите вени на дојката обично се знак за бременост, во некои случаи тие можат да укажуваат и на можноста за рак. Имено, видливоста на вените е можна доколку има грутка во дојката која ги притиска крвните садови и предизвикува стагнација или зголемено снабдување со крв во дојката.

6. Оток под пазувите

Отокот или болката под пазувите може да има многу причини, но една од нив е можноста за рак на дојка. Ова може да биде знак дека туморот се проширил на лимфните јазли, поради што е многу важно при самопреглед да се вклучи и пределот околу пазувите, за да може навреме да се забележат сите промени на кожата.

реклама

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе