Не е едноставен рецепт, но е превкусен. Одличниот спој на намирници на белото месо ќе му даде неверојатна арома. Ова е ручек што ќе сакате повторно за брзо да го направите.

Доколку сакате да експериментирате со состојките и да правите вкусни јадења, тогаш ви предлагаме да го пробате овој рецепт. Познатиот готвач Џек Овенс на својот YouTube канал сподели рецепт за бело месо во ароматичен сос. Подготовката е исклучително едноставна, а комбинацијата од зачини, бело вино, павлака за готвење, пармезан и сушени домати го прави ова јадење извонредно. Белото месо одлично оди со речиси сите намирници, а на сите ќе им се допадне кога ќе се подготви на овој начин.
Потребни состојки:
- 250-300 гр пилешко филе
- 30 гр несолен путер
- 1 помал кромид
- 5 чешниња лук
- 80 мл бело вино
- 180 мл пилешки булјон
- 100 гр сушени домати
- 1 лажица сенф
- 250 мл павлака за готвење
- 20 гр пармезан
- 1 лажичка мајчина душица
- 1 лажичка оригано
- 1 лажичка мелена пипер
- свеж босилок
- бибер
Подготовка:
Месото исечкајте го на подебели шницли, па пропржете го на малку масло во тава или плитко тенџере. Потоа извадете го, а во истиот сад додадете путер. Кога ќе се растопи, пропржете го ситно сечканиот кромид и толчениот лук, а кога ќе омекне, истурете го белото вино и варете додека не испари. Потоа додадете го сенфот и добро измешајте, па прелијте со булјонот и павлаката за готвење. Потоа додадете ги исечканите домати, како и пармезанот и мелената пипер и сè убаво измешајте. Кога ќе почне да врие, намалете ја температурата, па додајте мајчина душица и оригано, па побиберете. Промешајте и варете уште 6-7 минути. На крајот додадете една шака свеж босилок, вратете го месото и убаво извалкајте го во сосот. Посипете со пармезан, оставете да се крчка уште 2 минути и послужете.