Рецепт на денот: Меко и ароматично пилешко со варен ориз

Мекото вкусно пилешко е лесно за подготовка, лесен е и оброк што можете често да го правите.

Ова ароматично пилешко се прави со путер, со додавање на зачини и кромид. Сосот од домати исто така игра важна улога, а варениот ориз совршено ги впива сите тие сосови.

Потребни состојки:

  • 1 кг пилешки гради
  • сол
  • бибер
  • 2 лажички црвена пипер
  • ½ лажичка куркума
  • 6 лажици несолен путер
  • 225 гр жолт кромид
  • 1 лажичка ким
  • 3 чешниња лук
  • 395 гр доматен сос
  • 240 мл вода
  • 240 мл слатка павлака
  • варен ориз
  • свеж магдонос

Подготовка:

Прво сварете го оризот, кој ќе ви терба подоцна за сервирање.

Во поголем сад ставете го пилешкото (исчистено од кожи и коски, исечкано на парчиња) и зачинете го сол, бибер, лажичка мелена црвена пипер и куркума. Оставете да се маринира 15 минути. Растопете 2 лажици путер во големо тенџере на средна топлина. Пропржете го пилешкото, а потоа извадете го од тавата.

Во тенџере растопете уште 2 лажици путер, а потоа додадете го кромидот исечкан на коцки, преостанатата црвена пипер, мелениот ким, толчениот лук, куркумата, сол и бибер. Гответе додека не замириса. Додадете го сосот од домати и оставете да зоврие. Додадете вода и слатката павлака и оставете да зоврие. Вратете го пилешкото во тенџерето, покријте го и динстајте 10-15 минути.

Измешајте ги преостанатите 2 лажици путер и зачинете со повеќе сол и бибер по вкус. Послужете го пилешкото со варениот ориз и украсете со магдонос.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе