Меко тесто полно со зеленчук - одличен предлог за појадок или вечера.

Питите воглавно не се комплицирани за подготвување, особено ако состојките само се мешаат и сипаат во тепсија. Скоро сите ги сакаат, без разлика дали ги правите со сирење, месо, спанаќ или нешто друго, речиси секогаш ги снемува од маса за рекордно време. Една од најпознатите е царската пита, која има и своја посна верзија, идеална и за оние што постат и за оние што сакаат да одморат од месо.
Потребни состојки:
- 150 гр растителен кашкавал
- 100 мл масло
- 100 гр брашно
- 100 гр пченкарно брашно
- 1 кесичка прашок за печиво
- 1 кисела црвена пиперка
- 3-4 кисели краставички
- 1 пиперка
- 100 гр зелени маслинки
- 100 мл кисела вода
Подготовка:
Во сад измешајте ги двата вида брашно и прашокот за печиво, а потоа турете масло и кисела вода. Соединете ги состојките, па додадете рендан кашкавал и ситно сечкани краставички, кисела и обична пиперка и маслинките. Промешајте, па сипајте во тепсија која претходно сте ја премачкале со маргарин. Печете во згареана рерна на 200°C околу 20 минути.