Доколку останавте без идеја за рецепти за ручек, ви предлагаме да направите сочно пилешко со моцарела.

Овој рецепт е создаден од нутриционистот Кенан Мандра и ги содржи потребните хранливи својства.
Потребни состојки:
- 4 пилешки гради
- сол
- мелена пипер
- 1 лажица бадемово брашно
- 3 јајца
- 2 лажици рендан пармезан
- 1 лажица лук во прав
- 1 лажица оригано
- 200 мл сос од домати
- 200 гр моцарела
- свежи листови босилок
- оригано
Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180°C. Исечете ги пилешките гради на половинки. Посолете и побиберете ги од двете страни. Во две посебни плитки чинии ставете ги јајцата и брашното од бадеми. Во трет плиток сад измешајте пармезан, лук во прав и оригано. Додадете сол и бибер.
Редејќи едно по едно, валкајте ги пилешките гради во бадемовото брашно, потоа јајцата, па смесата со пармезан, притискајќи да се премачкаат. Загрејте 2 лажици масло во голема тава на средна топлина. Додадете го пилешкото и пржете додека не порумени и не се испече, 2 до 3 минути по страна.
Редете во серии по потреба, додавајќи повеќе масло кога е потребно. Пржените гради префрлете ги во сад за печење, на секое парче месо рамномерно намачкајте го сосот од домати и одозгора ставете ја моцарелата.
Печете додека не се растопи кашкавалот, 10 до 15 минути. Пред сервирање посипете со босилок и уште пармезан.
