Реченици кои мажите и жените ги слушаат сосема различно

Различните начини на размислување и на сфаќање на одредени работи може да доведе до несогласувања меѓу луѓето, а особено меѓу мажите и жените во врска.

Овие реченици мажите и жените ги слушаат и ги толкуваат различно, што значи дека и различно реагираат на нив.

Треба да разговараме

Мажи: Кога ќе ја слушнат оваа реченица „им се стемнува“ бидејќи за нив значи дека има некаков проблем за кој ќе треба да се разговара, односно дека ќе следи жестока расправија.

Жени: За жените разговорот е само уште еден начин да се поврзат подобро со партнерот и речиси секогаш со задоволство се согласуваат на долги разговори, а уште почесто ги иницираат. Темата може да биде наједноставна, но ќе ја најават дискусијата.

Ајде заедно да го направиме тоа

Мажи: Мажите не сакаат да ги делат своите победи и сакаат сите пофалби да стигнат само на нивна адреса. Кога станува збор за тимска игра во двојка, нема да бидат многу расположени, иако најверојатно нема да го признаат тоа.

Жени: Научниците сметаат дека хормонот окситоцин ги прави жените „подруштвениот пол“, пишува Bright Side. Затоа одвај чекаат да слушнат ваков предлог, бидејќи обожават да ги прават нештата во пар, односно во тим. Исто така, голема е веројатноста дека сами ќе го предложат тоа.

Остави ме да си молчам

Мажи: Припадниците на  „посилниот пол“ ретко сака да разговара за проблемите, па во оваа изјава не гледаат никаков проблем. Ако на другата страна не ѝ се разговара, слободно нека молчи. Нема да бидат многу потресени.

Жени: Како што спомнавме, жените обожаваат да разговараат за сѐ и сешто, па кога ќе замолчат, тоа не е добар знак. Токму затоа тие загрижено би изреагирале на ваквата реченица и молчењето ќе го протолкуваат како лутина.

Ќе го решиме тоа подоцна

Мажи: Одложувањето на важни разговори на мажите им е прифатливо и нема да бидат многу потресени.

Жени: За жените оваа реченица е речиси еднаква на навреда, бидејќи сакаат нештата да ги решаваат на лице место.

Во ред

Мажи: Мажите помалку ги изразуваат нивните емоции и тоа се оразува во нивниот начин на разговарање. Изразите како „океј“, „во ред“, „важи“ и слично се дел од нивниот секојдневен речник и за нив немаат подлабоко значење од она буквалното.

Жени: Жените полесно емотивно се изразуваат и дневно изговараат околу 20.000 зборови, што е 1,5 пати повеќе од мажите.Тие исто така сакаат сликовито да се изразуваат, особено кога опишуваат емоција, а кратките фрази и изрази ги користат кога се налутени, па така и ги доживуваат.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Љубов и секс

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Read more

Навики што можат да предизвикаат големи проблеми во бракот

Read more

Една од 5 жени е незадоволна од нејзиниот сексуален живот

Read more

Венера влезе во Бик – љубовен ураган до 23 мај

Read more
 

Магазин

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Читај повеќе

Време е да научите како паметно да се расправате во врската

Читај повеќе

Дали не смеете да јадете црвено месо?

Читај повеќе
  • filter

Фараоновото проклетство: Дали прерано ќе умре оној кој ќе ја отвори гробницата?

Читај повеќе

Зошто не е добра идеја да пиете кафе после јадење?

Читај повеќе

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Читај повеќе

Како да станете поодговорни со вашите пари?

Читај повеќе

Несоницата предизвикува мозочни и срцеви удари

Читај повеќе

Што е сексомнија?

Читај повеќе