Реџепи-Зејд: Апасиев се обидува да го камуфлира антиалбанизмот како анти-ДУИ

Пратеникот на Алтернатива, Скендер Реџепи-Зејд синоќа изјави дека доколку Алтернатива одлучи да ја урне Владата заедно со Левица, тој ќе ја напушти партијата.

Во синоќешната емисија „Клик плус“ на ТВ21, каде се разговараше за последните политички случувања, истакна дека во тој случај тој најверојатно ќе го напушти и пратеничкиот мандат.

– Во моментот кога политичкиот субјект на кој припаѓам утре или задутре, се одлучи да го прифати потписот заедно со Левица на списокот, тогаш мојата одлука ќе биде сигурно напуштање на партијата, можам дури и да го вратам пратеничкиот мандат, рече Реџепи.

Во врска со Facebook статусот на лидерот на Левица Димитар Апасиев, во кој тој го повикува албанскиот блок да гласа против ДУИ, Реџепи-Зејд вели дека Апасиев се обидува да го камуфлира антиалбанизмот како анти-ДУИ.

Реџепи-Зејд исто така истакна дека ВМРО-ДПМНЕ „ги добило изборите на нивен грб бидејќи се претставиле како едно поинакво ВМРО“.

Сепак, тој од друга страна вели дека Алтернатива ги изгубиле изборите баш поради оваа коалиција.

– Треба да се разгледаат резултатите од изборите на кои се изгубија 27 илјади гласови поради коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ, рече Реџепи-Зејд.

Меѓу другото, Реџепи-Зејд рече дека ќе имале реакција и кон Движењето Беса.

– Тоа беше момент кој беше погоден за 11 пратеници и јас бев тој што првично побара да се одложи потпишувањето за да имаме простор, но коалициите, рушењето на Владата и договорите се прават за да се види какво ќе биде владеењето во иднина. Моето барање откако потпишавме беше да престанеме да разговараме со ВМРО и другите субјекти каква ќе биде поделбата на власта, како ќе се правдаме пред нашите гласачи, но немаше одговор. Да дојдеше во раководството на Алтернатива, оваа опција ќе имаше реакција до Беса, многу сум убеден, изјави Реџепи-Зејд.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе