Ремзи: Немав намера да му го украдам голот на Роналдо

Велшкиот репрезентативец од самата гол-линија му го украде голот на Кристијано Роналдо против Локомотив и стана првиот Британец што постигнал гол за Јувентус во Лигата на шампиони.

Уште во 4-тата минута од натпреварот во Москва тимот на Јувентус поведе со 0:1 и тоа по грешка на голманот Гиљерме. Кристијано Роналдо шутна директно од слободен удар по средината на голот каде се чинеше Гиљерме ќе забележи лесна одбрана, но топката му се лизна од рацете и низ нозете замина накај мрежата.

Веднаш налера Арон Ремзи кој ја шутна в гол иако топката со поголемиот дел од обемот веќе беше зад линијата и дури и да не ја удреше голот ќе беше постигнат.

Вака, тој буквално му го украде голот на Роналдо за што изјави: „Мислев дека топката немаше да влезе во гол. Исто така ми се чинеше дека голманот е поблиску и ќе ја фати. Заради тоа ја шутнав. Немав намера да му го украдам голот“.

По завршувањето на натпреварот тој и лично му се извинил на Роналдо. Благодарение на овоју „незаслкужен“ гол, Ремзи стана првиот Британец кој постигнал гол во дресот на Јуве во Лигата на шампионите. До сега на ниту еден играч од четирите британски држави (Англија, Велс, Шкотска и Северна Ирска) не му успеало такво нешто.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе