Renault го претстави Grand Kangoo: Електрична верзија и 1.024 конфигурации на седишта

Во време кога владеат кросоверите, Renault е решен да им понуди на клиентите алтернатива со тоа што го одржува во живот сеопфатното возило. Француската компанија на саемот во Минхен го претстави новиот Grand Kangoo кој нуди максимална практичност по прифатлива цена.

MPV-то на Renault е базирано на третата генерација на моделот Kangoo, кој се појави во 2020 година, а доаѓа со модуларен ентериер во кој се сместени 7 индивидуални седишта.

Grand Kangoo е дефинитивно еден од најсестраните автомобили на овогодинешниот саем, а може да се користи и како комбе, бидејќи е можно да се отстранат три седишта од средниот ред, како и две седишта од задниот ред. Ова го зголемува волуменот на багажникот од 500 на дури 3.750 литри, под претпоставка дека совозачкото седиште е преклопено.

Пристапот до третиот ред на седишта е лесен благодарение на лизгачката врата долга 83 см, што е за 18 см подолга во споредба со стандардниот модел Kangoo. Имајќи ги предвид петте седишта со ISOFIX, Grand Kangoo е еден од автомобилите кои се најпријателски за семејството. Од Renault тврдат дека има дури 1.024 конфигурации бидејќи седиштата може да се преклопат, да се поместат на страна и целосно да се отстранат.

Предметите долги до 3,11 метри можат да се сместат во внатрешноста откако ќе се склопи совозачкото седиште. Кабината содржи повеќе од 58 литри простор за складирање на различни предмети, вклучувајќи лизгачка фиока и прегради под вториот ред седишта. Патниците во третиот ред имаат многу простор за глава благодарение на рамниот покрив, а просторот за колената е 164 мм. Renault планира стандардно да го продава Grand Kangoo со застаклена задна врата, но ќе може да се добијат и верзии со 2/3 и 1/3 стакло и врати со шарки.

Исто така, клиентите ќе можат да избираат помеѓу бензинец, дизелаш и на електричен погон. Новиот MPV може да биде опремен со бензински мотор со 130 КС поврзан со 6-брзински мануелен или 7-брзински автоматски менувач со двојна спојка. Дизелот со 95 КС доаѓа исклучиво со 6-брзински мануелен менувач. Кога станува збор за електричната верзија, таа е придвижувана од електричен мотор кој испорачува 121 КС и 245 Nm вртежен момент.

Grand Kangoo E-Tech има литиум-јонска батерија со капацитет од 45 kWh, што обезбедува автономија од 265 километри. Кога ќе се потроши енергијата, полнењето со DC полначот во период од 27 минути е доволно за да поминете уште 170 километри или 80 километри за 10 минути благодарение на полначот од 80 kW.

Со помош на AC полначот, батеријата од 10% се полни до 80% за 2 часа и 40 минути. Гаранцијата на батеријата е 8 години или изминати 160.000 километри. Доколку капацитетот падне под 70% во тој период, Renault целосно бесплатно ќе го замени.

Grand Kangoo е опремен со камера за рикверц, предни седишта и волан што имаат функции за греење, а во внатрешноста има инфозабавен систем EasyLink.

Renault ќе започне да прима нарачки на крајот на оваа година, додека испораките се очекуваат на почетокот на 2024 година. Grand Kangoo ќе се произведува во Мобеж, Франција.

реклама

Неделен хороскоп од 16 до 22 февруари

Read more

Главен виновник зошто не можете да слабеете, а често се игнорира

Read more

Тепачка на паркинг во Аеродром, уапсените на возраст од 19 до 27 години

Read more

Колку долго треба да трае дремката?

Read more

Авто новости

Како ќе изгледа најевтиниот електричен Volkswagen?

Read more

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Read more

Работниците во Ferrari добија бонус што вреди колку нов автомобил

Read more

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Read more
 

Автомобили

  • filter

Како ќе изгледа најевтиниот електричен Volkswagen?

Читај повеќе

Како SUV возилата ја спасуваат продажбата во Европа?

Читај повеќе

Работниците во Ferrari добија бонус што вреди колку нов автомобил

Читај повеќе
  • play_arrow

Како звучи V16 моторот на Bugatti Tourbillon?

Читај повеќе

Уникатниот Pagani Huayra е инспириран од Пацификот

Читај повеќе

Колку кинеските производители треба да ги намалат цените за да бидат конкурентни во Европа?

Читај повеќе

Совршеното Ferrari F40 чини 3,5 милиони долари

Читај повеќе

По 50 години пристигнува наследникот на Lada Niva

Читај повеќе

Грција сака да ја забрани продажбата на гориво на мотоциклистите што не носат кацига

Читај повеќе