Ретка снимка од Северна Кореја: Шарени згради и празни улици
Фотографот Арам Пан од Сингапур доби дозвола од севернокорејските власти од воздух да го сними главниот град на државата Пјонгјанг.
На видеото може да се видат шарени згради, но и една чудна појава – а тоа е дека на улиците речиси и да нема луѓе и возила.
„За град од 2,6 милиони жители, Пјонгјанг е прилично пуст“, искоментирал Пан.
Видеото е дел од проектот „ДПРК 360“, кој има за цел да ја претстави Северна Кореја пред светот преку разни визуелни материјали.