Револуција во миењето заби - за само 10 секунди

YBrush ветува дека ќе го редефинира четкањето и дека го има решението што ни треба на сите.

Иако овогодинешниот саем IFA 2022 имаше многу помалку „чудни“ меѓу алтернативните компании кои се занимаваат со сѐ и сешто, не беа заобиколени работи како на пример гардероба што има греалки или револуционерна, наводно, технологија за миење заби.

Компанијата YBrush ветува дека со помош на специјална технологија, нов систем за четка и паста, може да ги измие забите за само 10 секунди.

Четката има батерија која се полни еднаш месечно во куќиште кое не е водоотпорно, главата т.е. четка и паста, кои чинат 80 евра во најефтината верзија. Подоцна купувате глави за миење заби по 35 евра и паста која чини 8 евра по туба.

Remote video URL

Поентата е во звучната рачка, која вибрира во неколку фази, т.е. брзина и интензитет и на тој начин за 5, 10 секунди - или онолку колку што сакате - миењето да трае потемелно и ги чисти забите од сите страни, вклучувајќи ги и местата меѓу нив. Финтата е во тоа што сите заби се мијат одеднаш, а тимот на YBrush тврди дека четката и технологијата се научно докажани и се развиваат четири години во различни институции заедно со стоматолози.

Четката, освен што ги мие забите, ја отстранува и плакта, а влакната се направени од најфиниот најлон кој е создаден од извори на рециклирана пластика и сè уште е погоден за рециклирање. Влакната се поставени под агол од 45 степени и ги има преку 35.000 за потемелно и побрзо чистење на забите. Врз основа на околу 500 луѓе кои досега ја тестирале четката YBrush, оценката е сосема солидна - 4,2 и коментарите се главно позитивни.

Remote video URL

Поради коронавирусот Саемот не дозволуваше посетителите да ја пробаат четката за заби. Сепак, се верува дека ова е сосема поинакво искуство на миење заби. За жал, прилично е скапо за повеќето луѓе, бидејќи почетната инвестиција од најмалку 88 евра мора да се обновува на секои шест месеци за нови глави за четки, но и речиси месечно за пастата која чини околу 8 евра.

Тагови
реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Вести

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Read more

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more
 

Гик

6G работи 500 пати побрзо од просечните телефони со 5G

Читај повеќе
  • play_arrow

Кинеско летало без екипаж тргна кон темната страна на Месечината

Читај повеќе

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Читај повеќе

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе