Ријана прогласена за амбасадорка на Барбадос

Пејачката Ријана доби почесна титула од нејзината родна земја, која ѝ ја додели владата на Барбадос. Нејзините обврски во склоп на функцијата ќе опфаќаат промовирање на образованието, туризмот и инвестициите во оваа островска држава.

Музичката ѕвезда Ријана е прогласена за амбасадорка на Барбадос, земјата во која е родена и каде што израсна. Пејачката рече дека не може да биде повеќе горда откако владата на Барбадос ѝ ја додели оваа титула.

„Ријана чувствува голема љубов за Барбадос што може да се забележи според нејзините филантропски активности, посебно во областа на здравството и образованието. Исто така таа покажа голем патриотизам во начините на кои ѝ помага на нејзината земја“, рече премиерката на Барбадос, Мија Мотли.

Пејачката е родена во местото Сент Мајкл, а до тинејџерските години живееше во престолнината на Барбадос, Бриџтаун. Со добивањето на титулата амбасадор, Ријана ќе има обврска да ја промовира земјата низ светот, посебно кога се работи за образованието, туризмот и странските инвестиции.

„Секој човек од овој остров има своја улога во акцијата, а јас сум подготвена и возбудена да ја преземам одговорноста која ми е доделена. Се радувам на тоа што ќе имам можност да работам со премиерката Мотли и нејзиниот тим за да го поправиме имиџот на Барбадос“, рече Ријана.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Музика

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Read more

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Read more

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Read more

Сила и Нервоза е насловот на новиот заеднички сингл на Суперхикс и Фолтин

Read more
 

Сцена

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе
  • play_arrow

Семјуел Л. Џексон откри зошто сака да глуми во филмовите на Тарантино

Читај повеќе

Џон Бон Џови на 35-годишнината од бракот призна дека не е светец

Читај повеќе

Ен Хатавеј откри на какви непријатности наишла на аудициите: Беше одвратно

Читај повеќе