Роботско куче без глава ќе чува стража на аеродром

Робот со големина на куче ќе патролира на аеродромот Фербенкс во Алјаска за да спречи птици и диви животни да дојдат во контакт со авиони, објави Одделот за транспорт на Алјаска.

Во соопштението се вели дека роботот ќе патролира на аеродромот за да ја подобри безбедноста, објави Sky News.

Роботот по име Aurora може да се качува по карпи, да оди по скали и да прави танцови движења додека трепка зелени светла, плашејќи ги дивите животни.

Планирано е роботот Aurora да патролира на отворен простор во близина на пистата секој час во обид да спречи птици и диви животни да дојдат во контакт со авионите.

Идејата за користење на роботи дојде откако официјалните лица го отфрлија планот за користење дронови кои прскаат репелент.

За време на периодот на тестирање во Фербенкс, ќе се види колку роботот ќе биде ефикасен во плашењето поголеми животни и како лосовите и мечките ќе реагираат на роботот.

Минатата година имало 92 напади на животни во близина на аеродромите низ Алјаска, вклучително и 10 на Фербенкс, а повеќето од нападите не ги оштетиле авионите, соопшти Федералната управа за авијација на САД.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Вести

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе

Нов вирус презема целосна контрола врз вашиот телефон

Читај повеќе