The Rolling Stones го претстави својот нов албум во Њујорк

Музика со врвен квалитет и одлична атмосфера завладеа синоќа во ноќниот клуб „Racket NYC“, каде што членовите на The Rolling Stones одржаа приватна забава по повод издавањето на својот прв албум по 18 години.

„Стоунси“, во својата седма деценија како рокенрол-бенд, изведоа неколку песни пред стотици луѓе во клубот на Вест Сајд, Менхетен, за да го одбележат објавувањето на „Hackney Diamonds“, кој на бендот му донесе некои од најдобрите рецензии во последните децении.

Фронтменот Мик Џегер (80) се пошегува дека дел од мотивацијата да се вратат во студио и да снимат нов албум – чиј наслов е референција на британски сленг за скршено стакло – е и одржувањето вакви презентации во Њујорк.

„Толку многу ни недостигаа претставувањата, што моравме да се вратиме назад и да направиме уште еден албум“, им рече Џегер на гостите среде настанот на кој наизменично се слушаа нови и добро познати песни, вклучувајќи ги „Jumpin’ Jack Flash“ и „Tumblin’ Dice“.

Шлаг на тортата на настанот во четвртокот вечерта беше заедничкиот настап со Лејди Гага.

„The Rolling Stones“ го завршија настапот со „Sweet Sounds of Heaven“ на Лејди Гага, бавна песна со примеси на блуз, од новиот албум. Оваа нумера потсетува на класикот на бендот од 70-тите, „Moonlight Mile“.

Remote video URL

Гага и Џегер меѓусебно се имитираа во танцување додека пееја.

„Hackney Diamonds“ е првиот студиски албум на бендот со оригинален материјал по „Bigger Bang од 2005 година и прва снимка по смртта на долгогодишниот тапанар Чарли Вотс, кој почина во 2021 година.

Преживеаните „стоунси“ се фронтменот Џегер и гитаристите Кит Ричардс (79) и Рон Вуд (76), кој е во бендот речиси 50 години.

Покрај Гага, на новиот албум гостуваат Стиви Вондер, Пол МакКартни и Елтон Џон, а долгогодишниот басист Бил Вајман, кој го напушти бендот во 90-тите, се враќа за песната „Live by the Sword“.

реклама

Голем месечен хороскоп за декември 2023

Read more

Ибра: Имам толку многу пари, а брат ми не успеав да го спасам

Read more

Зошто треба да јадете кисела зелка цела зима?

Read more

Откриено дека црната дупка во центарот на Млечниот Пат ги искривува времето и просторот

Read more

Музика

Spotify ја објави најпуштаната песна во 2023 година

Read more

Македонската претставничка на детската Евровизија, Тамара Грујеска, заврши на 12-то место

Read more

Поранешна манекенка го тужи Ексл Роуз за сексуален напад од пред 34 години

Read more

Калиопи по смртта на обожавателка на нејзиниот концерт во Белград: Ова е најтажниот ден во мојата кариера

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Spotify ја објави најпуштаната песна во 2023 година

Читај повеќе

Дејвид Карузо некогаш и сега - оди препознај го

Читај повеќе

Контроверзен избор на актерот кој ќе го глуми Доналд Трамп во нов биографски филм

Читај повеќе
  • play_arrow

Искрен трејлер за Oppenheimer

Читај повеќе

Фановите го избраа најомразениот лик од ТВ-серии

Читај повеќе
  • play_arrow

Ема Стоун ветува екцентрична изведба во новиот филм Poor Things

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Бредли Купер со задоволство повторно би глумел во франшизата The Hangover

Читај повеќе
  • play_arrow

Сè што е погрешно со Barbie

Читај повеќе