Роналдо: Останувам во Јувентус

Ѕвездата на Јувентус Кристијано Роналдо конечно стави крај на гласините за неговата иднина во клубот.

Во последните денови на Апенините се проговори дека Португалецот е крајно разочаран од елиминацијата во четвртфиналето во Лигата на Шампионите од Ајакс и нема да го исполни договорот со „црно-белите“.

Сепак, тој по натпреварот со Фиорентина (2:1), кој го загарантира освојувањето на Скудетото, рече дека нема намера да замине.

– Јас сум во Јувентус со 1.000 отсто. Мислам дека ова беше многу добра прва сезона и добро се адаптирав во клубот. Го освоивме Скудетото и Супер Купот на Италија, што не е лесно. По освојувањето на титулите во Англија и во Шпанија, сега можам да се пофалам дека исто така сум триумфирал и во Италија. Тоа беше важно за мене и јас сум среќен, рече Роналдо.

Тој потоа зборуваше за неуспехот во Лигата на шампионите.

– Не можете секогаш да победувате. Мислевме дека можеме да направиме повеќе, но само еден тим може да ја освои Лигата на шампионите. Следната година ќе отвориме нова страница на турнирот. Навивачите го сакаат истото. Тоа е важен трофеј за нас, но никогаш не е лесно, додаде Роналдо.

реклама

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе