Фудбал

Роналдо покажа дека е подготвен за АПОЕЛ (Видео)

13. септември 2017 - 15:51 |

Португалскиот репрезентативец и ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, покажа дека е комплетно подготвен за првиот натпревар од групната фаза од Лигата на шампионите, кој Мадриѓаните вечерва го играат против АПОЕЛ.

Реал на „Сантијаго Бернабеу ќе го пречека кипарскиот тим АПОЕЛ, со што ќе го започне својот поход во одбрана на шампионската европска круна.

Роналдо на денешниот тренинг демонстрираше дека е повеќе од подготвен за овој натпревар.

Најпрво побара да му биде додадена топката од својот соиграч за потоа да ги покаже своите вештини, неверојатен допир, техника, дриблинг и секако реализација.

Успеа да исфрли двајца фудбалери од колосек и потоа лесно да го совлада голманот. Со овој потег Роналдо потсети на своите денови од Манчестер Јунајтед кога имаше многу повеќе ситуации еден на еден.

За потсетување, Роналдо е суспендиран на пет натпревари и нема да може да игра во шпанските натпреварувања до 20 септември, но секако оваа суспензија не важи за Лигата на шампионите и го очекуваме во првиот состав на Реал вечерва. 

Коментирај