Ровер на НАСА го најде гробот на Spirit на Марс

Ровер на НАСА што орбитира околу Марс сними нови фотографии на кои се гледаат два нефункционални вселенски објекти замрзнати во нивните „гробови“ на Црвената Планета.

Фотографиите ги сними моќниот ровер на НАСА Mars Reconnaissance Orbiter (MRO), кој кружи околу планетата од 2006 година.

Вселенското летало прво пат го забележа мртвиот ровер на НАСА Phoenix Mars Lander на арктичкиот пол на Марс на 26 јануари и го документираше со фотографија во боја на која се гледа леденото опружување околу лендерот што слета на Марс во 2008 година.

На друга фотографија, MRO ја забележа триподната платформа за слетување на роверот Spirit што НАСА го испрати на Марс во јануари, 2004 година.

Платформата со помош на падобрани и воздушни перничиња го спушти роверот Spirit во кратерот Гусев од каде почна неговата мисија.

Spirit се одвои од платформата во јануари, 2004 година и го помина поголемиот дел од својот шестгодишен живот на Црвената Планета работејќи во околината на оддалеченост од околу 3,2 километри на исток. Роверот згасна во 2010 година, а НАСА официјално го прогласи за мртов дури лани.

На фотографијата на MRO снимена на 29 јануари, платформата на лендерот Spirit се гледа како светла точка во долниот лев агол, југозападно од кратеро Бонвил.

Spirit и неговиот близнак Opportunity оригинално требаше да фнкционираат три месеци и задачата им беше да бараат знаци дека некогаш имало вода на Марс.

Меѓутоа, роверите ги надживеаја очекувањата и дадоа важни информации за Марс, како и докази дека Црвената Планета порано била многу повлажна и потопла.

Spirit престана да се движи откако заглави во песок во мај, 2009 година. Контролорите на мисијата потоа го трансформираа во статична опсерваторија и Spirit продолжи да праќа податоци од неговата фиксна локација. Но, 10 месеци подоцна роверот замре бидејќи не можеше да „фати“ доволно сончева светлина на своите соларни панели во текот на суровата марсовска зима.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Наука

Дали треба да ги бараме вонземјаните на виолетови планети?

Read more

Три популарни теории за тоа како почнал животот на Земјата

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

НАСА: Упс!

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Најголемиот 3D принтер во светот може да изгради куќа за 80 часа

Читај повеќе

PUBG буди носталгија и се враќа на оригиналната мапа од нејзиниот почеток

Читај повеќе

Решена мистеријата за гробот на Платон откако бионичко око ѕирна во свиток стар 2.000 години

Читај повеќе
  • play_arrow

По 14 години потсмев, Apple конечно реши да ја направи апликацијата која сите ја бараа

Читај повеќе

Win-win-win за рециклирањето во Холандија

Читај повеќе

Бајден потпиша: Крај на TikTok во САД!?

Читај повеќе

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Читај повеќе

Новото ажурирање Windows 11 „кине нерви“: Како да го решите?

Читај повеќе

Threads надмина 150 милиони активни месечни корисници

Читај повеќе